Знаме на Иран
Знамето на Иран е официјалното знаме на државата усвоено на 29 јули 1980 година. Денешниот дизајн на знамето е како резултат на Иранската револуција. Знамето е составено од три хоризонтални ленти во зелена, бела и црвена боја. Во средината на знамето се наоѓа грбот на Иран во црна боја што всушност е стилизирана форма на зборот „Господ“. Исто така, на самата граница на црвената и зелената лента има натпис на куфичко писмо во бела боја. Натписот значи „Господ е голем“ и се повторува 22 пати што се совпаѓа со 22 ден од 11 месец, денот кога била Исламската револуција.
СимболизамУреди
Боја | Опис |
---|---|
Зелена | Симбол на надежта и развојот |
Бела | Симбол на честа и мирот |
Црвена | Симбол на храброста и љубовта |
ПоврзаноУреди
„Знаме на Иран“ на Ризницата ? |
НаводиУреди
Надворешни врскиУреди
- Иран — „Знамиња на светот“
- Знамиња на Персија—Encyclopædia Iranica
Оваа статија за Иран е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |