Знаме на Монголија

(Пренасочено од Знамето на Монголија)

Знамето на Монголија било усвоено на 12 февруари 1992. Денешното знаме е слично со знамето од 1949, а разликата е во тоа што отстранета е петокраката. Знамето е составено од три еднакви вертикални полиња, во црвена, сина и црвена боја. На левото црвено поле има Сојомбо симбол[1]- односно наредени геометриски фигури што претставуваат оган, месечина, земја, вода и знакот јин-јанг.


Знаме на Монголија
}}
Употреба државно, воено и пловно знаме вексиколошки опис Национален симбол на Монголија.
Сразмер 1:2
Усвоено 12 февруари 1992
Опис три вертикални ленти во црвена, сина и црвена боја со златни Сојомбо симболи

Историски знамиња уреди

Пред 1992, знамето на Монголска Народна Република имало жолта ѕвезда над Сојомбо симболот, симболизирајќи го социјализмот. Исто така, синото поле било посветло.

Наводи уреди

  1. Montsame News Agency. Mongolia. 2006, ISBN 9992906278, p. 8

Поврзано уреди