Злетовска Клисура

клисура во Осоговијата, североисточна Македонија

Злетовска Клисура или Клисура на Злетовска Рекаклисура во Осоговијата, североисточна Македонија. Го зафаќа делот од долината на Злетовска Река од с. Дренак до с. Злетово, во должина од 20 км. Во почетниот дел е всечена во гнајсеви, микашисти и шкрилци, а страните ѝ се високи од 300-400 м.[1]

Поглед на Злетовската Клисура
Карта

Низводно од вливот на Емиричка Река е всечена во палеовулкански релјеф, односно во отпорни дацито-андезитски и игнимбритски карпи. Затоа, во овој потег е доста длабока (до 800 м), со стрмни, на одредени места речиси вертикални карпести страни. На долинските страни се образувани бројни сипари, настанати со механичко распаѓање на вулканските карпи. Кај с. Јамиште е тектонскиот водопад на Злетовска Река, висок 8 м.[1] Тоа е најголемиот водопад на Злетовска Река, на чие дно има огромен џиновски лонец, длабок околу 3 м. Мали водопади високи до 6 м имаат и притоките на Злетовска Река пред нивниот влив во главната река. Некои водопади се скалесто наредени во вид на слапови. Делот од клисурата кај с. Кнежево е потопен со Злетовската акумулација.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Група автори (2016). „Клисура на Злетовска Река“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 151. ISBN 978-9989-110-90-0.

42°4′44″N 22°16′37″E / 42.07889° СГШ; 22.27694° ИГД / 42.07889; 22.27694