Златно блатарче
Златно блатарче | |
---|---|
Возрасен со перје во сезона на парење | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Бекасови |
Семејство: | Блатарки |
Род: | Pluvialis |
Вид: | Златно блатарче |
Научен назив | |
Pluvialis apricaria (Linnaeus, 1758) |
Златното блатарче или европското златно блатарче (науч. Pluvialis apricaria) — вод птица од семејството на блатарките, малку поголема од сличните на неа, американско златно блатарче Pluvialis dominiica и тихоокеанското златно блатарче Pluvialis fulva, кои освен што се помали се и потенки и со малку подолги нозе. Исто така, пердувите за летање им се сиви, а не бели (се гледаат само при лет). Оваа птица е распространета низ посеверните делови на Европа и западна Азија. Таа е птица преселница која зимува во јужна Европа и северна Африка. Ја има и во Македонија.
Опис
уредиВозрасните единки во сезоната на парење се со златни и црни точки на круната, грбот и крилјата. Ликот и вратот им е црн обрабен со бело, градите им се црни и имаат темна опашка. Нозете, исто така, им се црни. Зимно време, црната боја им се губи и тогаш ликот и градите им се жолтеникави, а одоздола се бели.
Живеалиште
уредиЖивеалиштето на златното блатарче се мочурливите и влажни предели на Европа и Азија. Тие гнездат на земја, на сув и отворен простор. Птици преселници се, кои зимуваат во јужна Европа и северна Африка. Околу 500.000 птици зимуваат во Ирска и Велика Британија. Иако е вообичаена птица, поради нарушувањето на животната средина во минатото, таа во некои земји повеќе не гнезди, како на пример, во Полска, каде се појавува само како заскитана.
Размножување
уредиГнездото претставува плитка дупка во земјата покриена со малку растителен материјал. Обично се наоѓа на отворена земја, многу ретко заштитено во трева. Несат 4 јајца во период од 2-3 дена, со големина од 52 мм и жолтокафеава боја со потемни точки. Обата родитела наизменично ги квачат јајцата триесетина дена. Откако ќе се испилат, малите веднаш го напуштаат гнездото и се способни да се хранат самостојно, но остануваат под надзор на своите родители. Ако до гнездото се приближи грабливец, возрасните им го одвлекуваат вниманието и ги оддалечуваат од него.
Исхрана
уредиОвие птици ја пасат храната во тундрите, полињата, крајбрежјата, обично она што ќе го здогледаат. Се хранат и на месечева светлина. Јадат инсекти, ракчиња и бобинки.
Статус
уредиЗлатното блатарче е еден од видовите на кои се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските водни птици-преселници.
Наводи
уреди- ↑ BirdLife International (2012). „Pluvialis apricaria“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
„Златно блатарче“ на Ризницата ? |
- Tomek, T. & Bocheński, Z. (2005). Weichselian and Holocene bird remains from Komarowa Cave, Central Poland. Acta Zoologica Cracoviensia, 48A(1-2), 43-65. PDF fulltext
Надворешни врски
уреди- Ageing and sexing (PDF; 1.4 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze Архивирано на 12 ноември 2013 г.