Златарско сирење во ќебенце

Златарско сирење во ќебенце е кулинарски специјалитет во западна Србија и идеален и богат оброк за појадок, кој брзо се подготвува и служи за членовите на семејството или гостите на трпезите на жителите на Златар. Главната состојка на ова јадење е автохтоното висококвалитетно, полномасно Златарско сирење направено од кравјо млеко. Се служи како топло или ладно јадење со чинија кисело млеко .[1]

Златарско сирење во ќебенце
Златарското сирење е главна састојка на јасдењето
Температура на послужувањетопла, или ладна
Главни состојкисирење, брашно, масло
2136 KJ / 510 kcal ккал

Состојки уреди

Главните состојки за приготвување на ова јадење се тестото и филот - кои покрај Златарското сирење како главна состојка, ги сочинуваат и во табелата наведените намирници.[2]

Главните состојки за подготовка на Златарско сирење во ќебе
Тесто Полнење
  • 500 мл топла вода
  • 650 грама меко брашно (повкусно е ако ставите 30% брашно од хелда)
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 2 лажички готварска сол
  • масло за премачкување и пржење
  • 400 грама Златарско сирење

Начин на подготовка уреди

Овој специјалитет на Златарско сирење и тесто се подготвува така што првин, во соодветен сад за месење тесто се прелива 500 мл топла вода, се додава 650 грама брашно измешано со сол и прашок за печиво и добро се мешаат сите состојки за да се добие мазно, компактно тесто.[1]

Од замесеното тесто се формираат јуфки (топчиња од тесто) кои се оставаат да отстојат најмалку 15 минути на собна температура. Откако ќе созрее јуфката, истата се замесува со сукало во тенка кора, на добро набрашнета површина.

Во следната фаза на подготовка, врз развиената кора од тестото се посипува претходно издробеното Златарско сирење, а потоа тестото се завиткува во ролат.

Тестото со остар нож се сече на ролати широки два до три прста, а на краевите убаво се стискаат за да се залепат, како полнењето не би испаднало нанадвор при понатамошната обработка на ролатчињата.

Ролатчињата потоа се формираат во топчиња, кои потоа се оставаат на страна, додека не бидат подготвени сите ролатчиња.

Кога сите ролатчиња ќе се формираат во топчиња, делот од работната површина се чисти од брашно, потоа се премачкува со масло во тенок слој. На подготвената подлога, топчињата од тестото лесно се плескаат со рака и се намачкаат со неколку капки масло.. После тоа, топчињата се развиваат со сукало (на подмачкана површина) во мали ќебенца и се засечуваат со два паралелни засеци со остар нож на средината на ќебето.[1]

Вака подготвените ќебенца се пржат во тавче на длабоко масло додека не добијат златно-жолта боја.[1]

Начин на послужување уреди

Се послужува во чинија во топла или ладна состојба со кисело млеко.[3]

Извори уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Recept – Zlatarski sir u ćebencetu“. Zlatarski sir. Посетено на 31. 3. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. Srđan Rudić; Svetlana Ćaldović Šijaković (2017). Selo Balkana. Kontinuiteti i promene kroz istoriju: The Balkan Village.Continuities and Changes Through History. Istorijski institut Beograd. стр. 294–. ISBN 978-86-7743-124-2.
  3. „U kućama pravih domaćina Zlatarski sir se jede uz svaki obrok“. Agro media. Посетено на 31. 3. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

 

Надворешни врски уреди