Земјотрес во Драч (2019)

Земјотресот кај Драч во 2019 година бил со моментна магнитуда од 6,4 на околу 30 километри западно од Тирана, односно 7 километри северно од Драч во Албанија . Главниот земјотрес бил во 3.54 часот по месно време, на 26 ноември 2019 година.[1] Епицентарот на земјотресот бил во поширокото подрачје на селото Туман, а хипоцентарот на длабочина од 20 километри. Во земјотресот загинале 51 лице, а 3.000 биле повредени.[2][3]

Земјотрес во Драч (2019)
Датум 26 ноември 2019.
Магнитуда 6.4
Длабочина 20km
Епицентар 41°23′ N; 19°28′ E / 41.38° СГШ; 19.47° ИГД / 41.38; 19.47Координати: 41°23′ N; 19°28′ E / 41.38° СГШ; 19.47° ИГД / 41.38; 19.47
Зафатени земји/подрачја Мамурас, Драч, Кодер-Тумане  Албанија
Вкупно штета голема
Цунами не
Последов. потреси >500
Жртви 51 починати

Драч: 25 мртви Кодер-Тумане: 25 мртви Љеш: 1 мртов Повеќе од 3000 повредени

КарактеристикиУреди

Земјотресот е последица на сеизмички активности во зоната на конвергенција помеѓу евроазиската плоча и малата јадранска микроплоча . Имено, Јадранската плоча се движи во правец север - северозапад и се судира со евроазиската,[4] а на местото на судирот се јавува подвлекување . Околината на Драч лежи во Периадранската Низина, сеизмичка зона што ја опфаќа областа на западна крајбрежна Албанија. Во оваа зона доминираат постплиоценски коси навлаки .[5]

ПоследициУреди

Како последица на земјотресот во Драч и неговата околина, загинало 51 лице, а 3.000 луѓе биле повредени.[2][3] По главниот земјотрес, над 400 помали земјотреси, таканаречените афтершокови, ја погодиле областа околу Драч. Во текот на ноќта меѓу 27 и 28 ноември имало два посилни земјотреси во околината на Драч, со јачина од 4,2 и 4,7 степени.[6] Најсилниот последователен потрес бил со магнитуда 5,1, кој се случил во 10:52 часот по месно време, 28. ноември.[7][8]

</br>Главниот земјотрес, како и оние послабите земјотреси, се почувствувани не само во Албанија туку и во другите земји од регионот - Црна Гора, Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина и делови од Србија.

ШтетаУреди

Земјотресот предизвикал големи материјални штети, најмногу во селото Тумане, како и во градовите Драч и Тирана . Илјадници луѓе останаа без покрив над главата, а за нив било обезбедено привремено сместување во училишта, хотели и спортски објекти.

Види повеќеУреди

НаводиУреди

  1. „M 6.4 - ALBANIA - 2019-11-26 02:54:11 UTC“. www.emsc-csem.org. Посетено на 26. 11. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. 2,0 2,1 Vila, Janula (29. 12. 2019). „Shuarja e 51 jetëve, orët e ankthit dhe shpresa për t'i gjetur gjallë, historitë tronditëse të 26 nëntorit, lëkundjet që shuan shumë ëndërra“. Dosja. Посетено на 31. 1. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  3. 3,0 3,1 „EU Leads International Help to Albania Quake Recovery“. Voice of America (VOA). 2. 12. 2019. Посетено на 2. 12. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  4. „The Adriatic and the Aegean Plates“. eurasiatectonics.weebly.com. Посетено на 28. 11. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  5. Shyqyri, А; John, А; Stephen, H. „PROBABILISTIC SEISMIC HAZARD MAPS FOR ALBANIA“ (PDF): 2–4. Посетено на 27. 11. 2019. Наводот journal бара |journal= (help); Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  6. „Тло у Албанији не престаје да подрхтава, за два дана више од 40 земљотреса“. rts.rs. Посетено на 28. 11. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  7. „Још један снажан накнадни потрес у Албанији, грађани узнемирени“. rts.rs. Посетено на 28. 11. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  8. „Albania MLv=4.9“. www.seismo.gov.rs. Архивирано од изворникот на 28. 11. 2019. Посетено на 28. 11. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)

Надворешни врскиУреди