Земјотрес во Јушу (2010)
Земјотресот во Јушу се случил на 14 април 2010 година. Според Рихтеровата скала, јачината на земјотресот била 6,9[1][2] или 7.1 [3].Земјотресот се случил во Јушу, во кинеската провинција Чингаи, северозападно од Пекинг, Кина. Замјата започнала да се тресе во 7,49 часот по месно време.[4] Американскиот геолошки институт потврдил дека половина час по првиот земјотрес следеле уште два послаби со магнитуда од 5.2 и 5.3 степени по Рихтер. Кинескиот центар за земјотреси потврдил дека во Јушу на Тибет, каде живеат околу сто илјади луѓе, имало многу уништени објекти.
Карта на епицентарот | |
Датум | 13 април 2010 23:49:37 UTC |
---|---|
Магнитуда | 6.9 or 7.1 Mw |
Длабочина | 10 kм (6 ми) |
Епицентар | 33°16′16″N 96°37′44″E / 33.271° СГШ; 96.629° ИГД |
Зафатени земји/подрачја | Кина |
Жртви | 2,183 |
Според кинеската новинска агенција Ксинхуа, околу 2,183 луѓе загинале, а 12,135 биле повредени, 84 исчезнати.[3][5] Епицентарот бил сместен во селото Рима ((日瑪村),)[6][7] во близина на границата со Тибет. Епицентарот се наоѓа на околу 30 километри од Гиегу, седиштето на покраината,[8] и на околу 240 километри од Камдо.[9]
Според последните информации (14 април), од земјотресот се урнати над 85% од куќите во близина на епицентарот. Повеќе од 5.000 припадници на армијата им се придружиле на спасувачките екипи во обид да им помогнат на настраданите жители.
Наводи
уреди- ↑ Magnitude 6.9 – SOUTHERN QINGHAI, CHINA Архивирано на 17 април 2010 г., usgs.gov. Retrieved 13 април 2010.
- ↑ Mw 6.9 SOUTHERN QINGHAI, CHINA emsc-csem.org accessed 14 април 2010
- ↑ 3,0 3,1 589 dead, 10,000 injured in 7.1-magnitude quake in China's Qinghai, xinhuanet.com. Retrieved 14 април 2010.
- ↑ http://forum.com.mk/21170[мртва врска]
- ↑ „China earthquake kills hundreds in Qinghai“. BBC News. Посетено на 2010-04-14.
- ↑ „BBC 中文网 - 兩岸三地 - 青海玉樹地震已造成至少400多人死亡“. Bbc.co.uk. Посетено на 2010-04-14.
- ↑ „815 郵政編碼(郵遞區號)查詢 - 郵編庫(繁體)“ (кинески). Postcode.jamesqi.com. 2010-02-26. Посетено на 2010-04-14.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-05-13. Посетено на 2010-04-14.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-04-17. Посетено на 2010-04-14.