Зекерија Тамир или Закарија Тамер (2 јануари 1931, Дамаск, Сирија) - сириски писател.

Животопис уреди

Творештво уреди

Тамир се смета за еден од најдобрите арапски раскажувачи. Првата збирка раскази, „'Ржењето на белиот коњ“ ја објавил во 1960-тите во Дамаск. Иако е самоук писател, без високо образование, Тамир се истакнува со својот стил и со темите поврзани со човековото отуѓување, искористувањето на сиромашните и потчинувањето на послабите. Тамир е автор на 11 збирки раскази, неколку зборници со сатирична проза и неколку книги со детска литература. Најпознати негови дела се: „Ноевиот повик“, „Сите на колена“, Мојата невидлива другарка“, „Тигрите, десеттиот ден“, „Ќе се смееме“ итн.[1]

Наводи уреди

  1. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 200.