Замок на небото
Замок на небото (天空の城ラピュタ , Tenkū no Shiro Rapyuta) е јапонски анимиран филм напишан и режиран од Хајао Мијазаки од 1986. Ова е првиот филм создаден и објавен од Студио Гибли. Филмот ја освои наградата Animage Anime Grand Prix во 1986. Музиката за филмот е компонирана од Џо Хисаиши
„Замок на небото“ | |
---|---|
![]() филмскиот постер | |
Режисер | Хајао Мијазаки |
Продуцент | Исао Такахата |
Сценарист | Хајао Мијазаки |
Главни улоги | Кеико Јокозава Мајуми Танака Котое Хацуи Минори Терада |
Музика | Џо Хисаиши |
Студио | Студио Гибли |
Дистрибутер | Компанија Тоеи |
Премиера | август 2 1986 |
Времетраење | 126 минути |
Земја | Јапонија |
Јазик | Јапонски |
Кратка содржина
уредиАлтернативна реалност која е на ниво на технолошкиот развој на Европа на почетокот на XX век. Лапута - легентарниот летачи остров за некои луѓе претставува огромен капацитет за моќ за други место полно богатства. Но небесниот замок изгубен во облаците е можно да се пронајде само со кристалот на Летечкиот Камен. Шита, сопстевинчата на каменот кој и бил предаден од нејзиното семејство не е свесна за оваа моќ сè додека не почне потера по неа. Филмот започнува како пирати го напаѓаат и окупираат авионот во кој се наоѓа Шита. Шита бега и паѓа, но волшебната моќ на талисманот ја спасува. Онесвестената Шита е пронајдена од Пазу - момче од рударскиот град.
Меѓутоа пиратите не престануваат да се надеват дека ќе го украдат и искористат талисманот. Нивна конкуренција е војската која со талисманот сака да го пронајде островот Лапута скриен меѓу облаците. Војската ја фаќа и заробува Шита. Нејзиниот талисман случајно враќа во живот еден робот кој живеел на Лапута. Роботот започнува да пустоши околу себе заради што војската го напаѓа и уништува. За тоа време Паз успева да ја спаси Шита и заедно побегнуваат. Талисманот останува во војската и им го покажува патот до Лапута. Почнува друга битка меѓу пиратите и војската. На чело на вторите е Муска - еден од потомците на Лапута и во родство со Шита чија желба е да завладее со островот и на тој начин да ја преземе власта над целиот свет.
Ликови
уредиШита е 13-годишно фармско девојче. Пред почеткот на филмот нејзините родители и баба умираат со што Шита останува сираче како Пазу. Владата и бандата на Дола ја бркаат заради нејзината огрлица која ја носи постојано откако мајка и ја дала пред да умре. Шита е храбра, внимателна и паметна. Е земјоделка, знае сè за сонцето, земјата и животните.
Пазу — врсник на Шита, сирак и помошник на господарот на рудникот за метал. Како татко си и тој сака да ја најде Лапута. Има своја куќа и се грижи за стадо гулаби. Обожава да лета и сон му е да изгради авион со кој ќе ја пронајде Лапута и ќе докаже дека приказните кои ги раскажувал тако му за замокот Лапута се вистинити. Пазу е љубезен и вреден иако малку своеглав. Исто така е искусен механичар.
Дола е главата на летечката пиратска банда Дола и мајка на тројца од членовите. Таа е солидна командерка и одлична лидерка. и знае сите тајни воени кодови и ги користи за да прислушкува владини пораки и да ги искористи во своја полза. Останува мирна и за време на итни случаи, и е пристоен борец и покрај својата возраст.
Полковник Муска е таен агент на владата и супериорен на генерал Муоро. Полковникот Муска е лукав и уверлив. Владата го задолжила за потрагата на замокот Лапута. Муска знае многу за Лапута и неговите тајни.
Улоги
уреди- Принцеза Шита (Лушита Тоел Ур Лапута) — Кеико Јокозава;
- Пазу — Мајуми Танака;
- Полковник Муска (Ромуска Пало Ур Лапута) — Котое Хацуи;
- Генерал — Ичиро Нагаи;
- Чичко Пом — Фуџио Токита;
- Шалалу — Такузо Камијама;
- Луи — Јошито Јасухара;