Житово

село во Гребенско, Егејска Македонија

Житово или Ситово (грчки: Σιταράς, Ситарас; до 1927 г. Σίτοβο, Ситово[2]) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Гребен на Гребенскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 20 жители (2011).

Житово
Σιταράς
Житово is located in Грција
Житово
Житово
Местоположба во областа
Житово во рамките на Гребен (општина)
Житово
Местоположба на Житово во Општина Гребен и областа Западна Македонија
Координати: 39°57′N 21°24′E / 39.950° СГШ; 21.400° ИГД / 39.950; 21.400Координати: 39°57′N 21°24′E / 39.950° СГШ; 21.400° ИГД / 39.950; 21.400
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругГребен
ОпштинаГребен
Општ. единицаГорѓани
Надм. вис.&10000000000000745000000745 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно20
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Селото е сместено на северното подножје на планината Хасија, оддалечено околу 20 км јужно од градот Гребен, на надморска височина од 745 м.[3]

Историја уреди

Во Отоманското Царство уреди

Во XIX век Житово било грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот Санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Житово живееле 230 Грци.[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ситово се води како чисто грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот санџак со 45 куќи.[5]

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Житово живееле 140 Грци христијани.[6]

Во Грција уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 178 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 160.[3]

Во 1927 година, името на селото било променето во Ситарас (Σιταράς).

Стопанство уреди

Населението претежно произведува жито, а делумно се занимава и со сточарство.[3]

Население уреди

Во пописот од 1913 година, селото било забележано со 178 жители, во 1920 година со 160 жители, во 1928 година со 176, во 1940 година со 207, во 1951 година со 195, во 1961 година со 186, во 1971 година со 117, во 1981 година со 101, а во 1991 година со 63 жители.[3] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 207 195 186 117 101 63 84 20
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика уреди

Во 1918 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 24 квадратни километри.[3] Општината Житово била приклучена во општината Горѓани во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Гребен.

Селото припаѓа на општинската единица Горѓани со седиште во селото Кипурѓо, која припаѓа на поголемата општина Гребен, во округот Гребен. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Житово, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости уреди

Цркви

Параклиси

  • „Св. Никола“

Личности уреди

Родени во Житово

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Πανδέκτης: Sitovo -- Sitaras“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2023-08-05.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 116.
  4. „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.46“. www.promacedonia.org. Посетено на 2023-08-01.
  5. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 72.
  6. Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001, 48-49.
  7. „Официјанлна страница на поранешната општина Горѓани“. Архивирано од изворникот на 2011-02-25.