Живко Петрушев Денковски ( 1926 во Куманово1944 во Матка, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Живко Денковски
Роден 1926 година
Куманово, Македонија
Починал октомври, 1944 година
Матка, Скопје, Македонија

Животопис уреди

Произлегува од сиромашно работничко семејство. По завршувањето на основното училиште продолжиl да учи гимназија. Уште како ученик се вклучил во редовите на напредната младина, а во 1944 година бил примен за член на СКОЈ. Поради покажаната револуционерна дејност, во февруари истата година бил затворен еден месец од окупаторот. По пуштањето од затворот, бугарската полиција непрестајно го следела. Во ноември 1943 година бил исклучен од сите училишта поради осведочената дејност за целите на НОВ. Во 1944 година, заминал во НОВ и ПОЈ и станал борец на Третата македонска ударна бригада. Кон крајот на октомври 1944 година активно учествувал во борбите против балистите и Германците во околината на Матка, каде храбро загинал.

Наводи уреди

  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 186. На |first= му недостасува |last= (help)