Женски портрет (Зографски)
Женски портрет – слика од Ѓорѓи Зографски. Сликата е масло на платно со димензии 29,5х20,6 см, завршена пред 1894 година. Во сопственост е на Националната галерија на Македонија во Скопје[1]
![]() | |
Творец | Ѓорѓи Зографски |
---|---|
Година | пред 1894 |
Димензии | 29,5 см × 20,6 см |
Место | Национална галерија на Македонија, Скопје |
Ликот на младата девојка е претставен допојасно и фронтално на маслинестозелена заднина. Облечена е во темна облека. Околу вратот носи бела тантелеста панделка со златен медалјон, а на ушите златни обетки. Врз уредената коса на патец носи розови цветови. Лицето е освежено со розови интонации.