Женидбата на Груица Новаковиќ

Женидбата на Груица Новаковиќ (српски: Женидба Грујице Новаковића) - српска епска (ајдучка) песна.

Содржина уреди

Малиот Груица му се жали на Старина Новак дека е неженет. Тој му вели дека три години попусто му бара жена, а кога најпосле пронашол добра прилика за женење, нејзината рака ја побарал Манојло Грчиќ од Софија. Поучен од татко му, Груица оди во Софија за да види какви сватови собира Манојло, а потоа се враќа на Стара Планина и му кажува на Старина Новак што видел во Софија. Тогаш, Старина Новак ги собира своите ајдуци и поставува заседа во Качаничката Клисура. Набргу, тука поминува Манојло кој пее песна, претчувствувајќи дека тука ќе се пролее нечија крв. Една недела подоцна, Манојло повторно минува низ клисурата, заедно со својата невеста, и повторно ја пее истата песна. Тогаш, ајдуците на Старина Новак ги напаѓаат Манојло и неговата дружина. Притоа, Груица се бори со Манојло, но го губи двобојот и почнува да бега во планината. Дели Татомир му приоѓа на помош на Груица, но и тој го губи двобојот со Манојло, а истата судбина ја доживува и Радивој. Најпосле, и Старина Новак почнува борба со Манојло, но и тој е победен, па срамно бега низ планината, повикувајќи ја на помош својата посестрима, самовилата. Таа се претвора во девојка и му ги заслепува очите на Манојло, а таа прилика ја користи Старина Новак кој со боздоганот го убива Манојло.[1]

Осврт кон песната уреди

Во песната се споменува непостоечкиот град Пладин, а се претпоставува дека во ликот на Манојло Грчиќ е насликан Манојло Кантакузен, кој ја посетувал Србија. Останатите ликови и настани опишани во песната се измислени.[2]

Наводи уреди

  1. Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 31-43.
  2. Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 148.