Жена со сонцобран – мадам Моне и нејзиниот син

Жена со сонцобран – мадам Моне и нејзиниот син (француски: La Promenade), позната и како г-ѓа. Моне и нејзиниот син, е слика на Клод Моне, најконзистентниот француски сликар на импресионизмот, создадена за време на неговото семејно патување во Аржантеј во 1875 година[1].

Жена со сонцобран – мадам Моне и нејзиниот син француски: La Femme à l'ombrelle — Madame Monet et son fils
Творец Клод Моне
Година 1875
Вид Масло
Материјал Платно
Димензии 100 см × 81 см
Место Национална галерија на уметноста, Вашингтон

На сликата се претставени два лика кои не се толку јасни затоа што тоа и не била целта на уметникот, неговната творечка поента била да ја прикаже светлината и ветерот на ткаенината на фустанот. Гледајќи ја сликата, можеме да „почувствуваме“ како ветерот го дува фустанот. Поради острата сенка на сликата, имаме впечаток на силна сончева светлина, што ги прави боите да изгледаат поразиграни отколку што се. Овој динамичен колористички третман, меѓу другото, остава впечаток на динамика, но најмногу на рефлексија (светлина) што лесно се забележува на раката на женскиот лик. Токму целта на импресионистите билае да ја прикажат играта на светлината, а Моне го направил ова маестрално во ова дело.

За разлика од вештачките конвенционални академски портрети, Моне ги поставувал ликовите слободно во околина. Спонтаноста и природноста биле истакнати и прифатени кога сликата за првпат била изложена на втората импресионистичка изложба во 1876 година.

Сликата била насликана надвор, на отворено, најверојатно динамично и за неколку часови. Уметникот имал тенденција да пренесе чувство на лежерност, на семеен излет, а не на формален портрет користејќи пози на ликови кои сугерираат дека неговата сопруга и синот ги прекинале прошетките додека се обидувал да ги фати нивните портрети. Скратеноста на моментот прикажана овде е пренесена преку брзи потези во живописни бои, одлика на стилот на Моне, со потенцирање на сјајно сонце кое сјае зад Камил чија светлина е одбиена од од нејзиниот чадор и ткаенината што лебди на грбот, додека рефлексиите на дивите цвеќиња пред неа го обојуваат фустанот во жолта боја.

Неколку години подоцна, Моне се навратил на овој мотив, овој пат ја сликал својата ќерка со чадор на ливада во Живерни во 1886 година, денес делото е во Музеј Орсе во Париз. Оригиналната слика ја продадал Моне во 1876 година. во Париз, а во 1965 година ја купил Пол Мелон, кој ја донирал на Националната галерија во Вашингтон.

Наводи уреди