Жан-Пјер Соваж

француски нанотехнолог

Жан-Пјер Соваж (француски: Jean-Pierre Sauvage); (Париз, 21 октомври 1944) – француски хемичар кој работи на полето на координациони соединенија на Стразбуршкиот универзитет. Неговиот придонес е особено битен во развојот на молекуларните машини. Во 2016 година ја добил Нобеловата награда за хемија заедно со Фрејзер Стодарт и Бернард Феринга за „дизајн и синтеза на молекуларни машини“[1].

Жан-Пјер Соваж
Jean-Pierre Sauvage
Catenane ChemComm 244 1985.png
Кристална структура на катенани изложена од Соваж и соработниците
Роден21 октомври 1944 (1944-10-21) (76 г.)
Париз, Франција
ЖивеалиштеФранција
Националностфранцуска
Полињакоординациони соединенија
супрамолекуларна хемија
УстановиСтразбуршки универзитет
Образование
Докторски менторЖан-Мари Лен
Поважни награди

ЖивотописУреди

Соваж е роден во Париз на 21 октомври 1944 година.

ОбразованиеУреди

Докторат добил на Универзитетот Луј Пастер под менторство на Жан-Мари Лен (добитник на Нобеловата награда хемија во 1987 година). За време на подготовката на докторската дисертација, дал свој придонес на првите синтези на криптандски лиганди.[2]

КариераУреди

После постдокторските истражувања со Малколм Грин, тој се вратил во Стразбур каде сега е професор емеритус.

Тој е креативен научник кој работел на повеќе полиња како електрохемиска редукција на јаглеродниот диоксид и модели на реактивни центри за фотосинтеза [3]. Голем дел од неговата работа се однесува на молекуларната топологија, особено механичко сврзани молекулски архитектури. Тој ги опишал синтезите на катенаните и молекуларните јазли врз основа на координационите соединенија [4].

Награди и почестиУреди

За дописен член на Француската академија на науките е избран на 26 март 1990 година, а за член на 24 ноември 1997 година. Во 2016 година ја добил Нобеловата награда за хемија.

НаводиУреди

  1. The Nobel Prize in Chemistry 2016 на официјалното мрежно место на Нобеловата награда
  2. Dietrich, B.; Lehn, J. M.; Sauvage, J. P. (1969). „Les Cryptates“. Tetrahedron Letters. 10 (34): 2889–2892. doi:10.1016/S0040-4039(01)88300-3.
  3. Collin, J. P.; Sauvage, J.-P. (1989). „Electrochemical reduction of carbon dioxide mediated by molecular catalysts“. Coord. Chem. Rev. 93: 245–268. doi:10.1016/0010-8545(89)80018-9.
  4. Dietrich-Buchecker, C.; Jimenez-Molero, M. C.; Sartor, V.; Sauvage, J.-P. (2003). „Rotaxanes and catenanes as prototypes of molecular machines and motors“. Pure and Applied Chemistry. 75: 1383–1393. doi:10.1351/pac200375101383.