Етнојазична група

Етнојазична група (или народнојазична група или етнолингвистичка група) ― група која е обединета и со заедничка етничка (народносна) припадност и со јазик. Повеќето етнички групи имаат заеднички јазик.[1][2] Сепак, поимот често се користи за да се нагласи дека јазикот е главна основа за етничката група, особено во однос на нејзините соседи.[1]

Средиштен концепт во јазичната студија за етнојазичните групи е етнојазичната виталност, способноста на јазикот и етничката припадност на групата да се одржат.[3] Етнојазичната група која нема таква виталност, најверојатно нема да преживее како посебен ентитет. Фактори кои влијаат на етнојазичната виталност се демографијата, институционалната контрола и статусот (вклучително и факторите за планирање јазик).[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Fishman, Joshua A.; García, Ofelia (2010). Handbook of Language and Ethnic Identity (англиски). Oxford University Press. стр. 12. ISBN 9780195374926.
  2. Holloman, Regina E.; Arutiunov, Serghei A. (1978-01-01). Perspectives on Ethnicity (англиски). Walter de Gruyter. стр. 244. ISBN 9783110807707.
  3. Bourhis, R.Y.; Barrette, G. (2006). „Ethnolinguistic Vitality“. Encyclopedia of Language & Linguistics. стр. 246–249.
  4. Bourhis, R. Y.; Giles, H.; Rosenthal, D. (1981). „Notes on the construction of a 'subjective vitality questionnaire' for ethnolinguistic groups“. Journal of Multilingual and Multicultural Development. 2 (2): 145–155. doi:10.1080/01434632.1981.9994047.

 

Дополнителна книжевност

уреди