Есон (митологија)
Есон (грчки: Αἴσων) — во грчката митологија бил син на Кретеј, основачот на Јолк и неговата сопруга Тиро.
Митологија
уредиЕсон им бил татко на Јасон (Есонид) и Промах, но името на неговата сопруга се разликува во зависност од авторот. Се споменуваат Полимеда, Алкимеда, Амфинома, Полифема, Полимела, Арна и Скарфа. Неговиот полубрат по мајка, Пелиј, го исклучил од наследување на престолот во Тесалија.[1] Плашејќи се за својот син Јасон, Есон, веднаш по неговото раѓање, му го дал на мудриот кентаур Хирон на планината Пелион, каде што го одгледале Хирон, неговата сопруга Харикло и неговата мајка Филира.[2] За да си го обезбеди престолот, Пелиј го испратил Јасон, кога пораснал, кај Аргонаутите, но кога слушнал дека се враќаат, се обидел насилно да се ослободи од Есон, но наместо тоа си го завршил својот живот. Според Диодор, тој го принудил својот брат да пие волова крв и да се самоубие, кога добил информација дека аргонаутската експедиција не успеала. Во Метаморфозите на Овидиј, Есон го доживеал враќањето на Аргонаутите и бил подмладен од Медеја[1] иако митот не ја споменува неговата последователна смрт, што укажува дека тој можеби станал бесмртен.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Greek Myth Index: Aeson“. Архивирано од изворникот на 16 декември 2010. Посетено на 16 септември 2010.
- ↑ Цермановић-Кузмановић, А. & Срејовић, Д. 1992. Лексикон религија и митова. Савремена администрација. Београд.