Ераки или Гераки (грчки: Γεράκι, книжевно: Γεράκιον, Геракион) — поранешно село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Ераки
Γεράκι
Ераки is located in Грција
Ераки
Ераки
Местоположба во областа
Ераки is located in Гида (општина)
Ераки
Местоположба на Ераки во општината Гида и областа Централна Македонија
Координати: 40°32′N 22°21′E / 40.533° СГШ; 22.350° ИГД / 40.533; 22.350Координати: 40°32′N 22°21′E / 40.533° СГШ; 22.350° ИГД / 40.533; 22.350
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаГида
Надм. вис.&1000000000000004000000040 м
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Селото постоело до почетокот на Втората светска војна, а денес претставува составен дел од Мелник.

Географија и местоположбаУреди

Селото се наоѓа на единаесет километри источно од градот Бер и четири километри северозападно од Мелник, на надморска височина од 40 метри.[1]

Сместено е во областа Урумлак, на десниот ракав на реката Бистрица.

ИсторијаУреди

Селото најверојатно претставувало мала чифлигарска населба.[1]

Во 1918 година, селото станува дел од општината Мелник. Во 1922 година, во селото биле населени грчки бегалци. Во 1928 година, Ераки претставувало чисто бегалско село со 19 бегалски семејства и 63 жители.[2] Подоцна, поради мелиоративните зафати, селото се распаднало, а неговите жители го напуштиле и се населиле во селото Мелник, каде што изградиле посебно маало, познати и денес како Ново Ераки (Неон Геракион).

Во 1940 година, селото се распаднало, а неговиот атар влегол во рамките на селото Мелник.

НаселениеУреди

Александар Синве („Les Grecs de l’Empire Ottoman. Etude Statistique et Ethnographique“) во 1878 година напишал дека во Јераки (Yéraki), Берска епархија, живееле 50 Грци.[3] Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Ераки живееле 35 Грци христијани.[1][4] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ераки (Eraki) живееле 180 Грци.[5]

Во 1913 година било забележано со 56, а во 1920 година со 23 жители, кои малку подоцна го напуштиле селото и во него биле сместени 19 бегалски семејства со вкупно 76 жители, колку што биле забележани во 1928 година.[1]

Самоуправа и политикаУреди

Денес, селото претставува дел од селото Мелник.

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 7.
  2. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
  3. Synvet, A. Les Grecs de l'Empire ottoman: Etude statistique et ethnographique, Constantinople, 1878, р. 40.
  4. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 144.
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 222-223.