Отвори го главното мени

Епир (област)

(Пренасочено од Епир (периферија))
Оваа статија се однесува на административната област Епир. За други значења видете Епир.

Епир (грчки: Ήπειρος) — област во северозападна Грција. Се граничи со Западна Македонија и Тесалија на исток, Централна Грција на југ, Јонското Море и Јонските Острови на запад, додека на север граничи со Албанија. Провинцијата зафаќа површина од 9.200 km2. Другиот дел од Епир е во Република Албанија.

Coat of arms of Greece.svg
Епир
Περιφέρεια Ηπείρου
Областа Епир во Грција
 
Главен град Јанина
Окрузи Арта
Јанина
Превеза
Теспротија
Население 358.698 (2005)
Површина 9.203 км²
Густина 39 жит/км²
Податоци...
Портал www.roe.gr

Територијално-административна поделба на ЕпирУреди

Епир е поделен на четири подобласти, наречени „номи“' (грчки: νομοί), кои пак, од своја страна се поделени на општини наречени „дими“ (грчки: δήμοι). Четирите општини се Теспротија, Јанина, Превеза и Арта.

ДемографијаУреди

Во грчкиот Епир живеат околу 350.000 луѓе. Најголем дел од населението се Грци, но има и Власи и Албанци. И тие, како и Македонците не се признати како малцинство, па затоа нивниот точен број не може да се утврди.

Географија и екологијаУреди

Релјефот во грчкиот дел од Епир е карпест и планински. На исток од Епир е планината Пинд. Поголем дел од Епир лежи на заветрената страна од планината Пинд, а тоа е причината што овој регион е еден од најдождливите во Грција. Климата на Епир е главно алпска. Вегетацијата се состои воглавно од грмушести растенија, додека фауната е претставена со мечки, волци, лисици, срни и рисови.

ЕкономијаУреди

Од економски аспект, Епир е сиромашна област, со мала индустрија. Поради карпестиот терен, земјоделството е отежнато. Тутунот се одгледува околу Јанина, а развиен е риболовот. Сепак, поголемиот дел од храната се увезува од плодните региони на Грција.