Емил Диркем
Давид Емил Диркем (фр. Émile Durkheim, 15 април 1858 – 15 ноември 1917) — француски социолог позитивист. Основач е на академската дисциплина, а заедно со Карл Маркс и Макс Вебер најчесто се смета за главен творец на модерните општествени науки.[1] Диркем, со основање строга методологија преку комбинирање на социолошката теорија со емпириското општествено истражување, подетално го разви позитивизмот на Огист Конт.[2] Влијателен и во антропологијата, Диркем бил структурален функционалист и ран поборник на солидаризмот.[3][4] Во текот на својот живот, Диркем држел многу предавања и објавил бројни социолошки студии на теми како, на пример, образование, криминал, религија, самоубиство, и многу други аспекти на општеството.
Емил Диркем | |
---|---|
Портрет на Диркем | |
Роден(а) | 15 април 1858 Епинал, Франција |
Починал(а) | 15 ноември 1917 Париз, Франција | (возр. 59)
Државјанство | Француско |
Националност | Французин |
Полиња | филозофија, социологија, антропологија, веронаука |
Установи | Универзитет на Бордо, Сорбона |
Познат по | институционализација на социологијата |
Влијание од | Имануел Кант, Рене Декарт, Plato, Херберт Спенсер, Аристотел, Монтескје, Жан-Жак Русо, Вилијам Џејмс, Џон Дјуи, Чарлс Сандерс Перс, Огист Конт, Фистел де Куланж |
Влијаел врз | Марсел Мос, Клод Леви-Строс, Талкот Парсонс, Морис Албвакс, Пјер Бурдје, Чарлс Тејлор, Анри Бергсон, Емануел Левинас, Стивен Лукс, Алфред Радклиф-Браун, Е.Е. Еванс-Причард, Пол Фоконе, Роберт Бела, Лисјен Леви-Брил, Зија Ѓокалп, Дејвид Блур, Рандал Колинс |
Животопис
уредиДетство и образование
уредиДиркем е роден во Епинал во Лорена, потекнува од долга низа побожни француски евреи; татко му, дедо му и прадедо му биле рабини.[5] На рана возраст, одлучил да не ги следи рабинските стапки на своето семејство.[5] Самиот Диркем водел потполно секуларен живот. Всушност, голем дел од неговите дела се посветени на прикажување дека религиозните појави потекнуваат од социолошки, а не од божествени фактори. Иако Диркем одлучил да не ја следи семејната традиција, не ги откинал врските со своето семејство или со еврејската заедница.[5] Повеќето негови најистакнати соработници и студенти биле евреи, а некои и негови роднини. Точното влијание на еврејското размислување врз делата на Диркем останува непознато; некои научници тврдеа дека размислувањето на Диркем всушност е облик на секуларизирано еврејско размислување,[6][7] додека пак, други тврдат дека е тешко или невозможно да се докаже постоењето на директно влијание на еврејското размислување врз достигнувањата на Диркем.[8]
Како надарен ученик, Диркем во 1879 година пристапил во École Normale Supérieure (ЕНС).[9] Класот ученици, коишто се запишале таа година, бил еден од најсјајните на XIX век, а многу од неговите соученици, како на пример Жан Жорес и Анри Бергсон, станаа главни фигури во француската интелектуална историја. На ЕНС, Диркем учел под водство на Нума Денис Фустел де Куланж, класицист со општествено научно гледиште, и ја напишал својата дисертација за Монтескје на латински јазик.[10] Истовремено, ги читал Огист Конт и Херберт Спенсер. На овој начин, Диркем во својата кариера многу рано се заинтересирал за научен пристап кон општеството. Ова бил првиот од многуте конфликти со францускиот академски систем, којшто во тоа време немаше наставна програма за општествените науки. За Диркем хуманистичките науки не биле интересни и во последната година на школувањето бил претпоследен, кога во 1882 година се соединил со филозофијата.
Не беше возможно човек со мислења како Диркем да добие поважно академско место во Париз. Поради тоа, во 1885 година се одлучил да замине во Германија, каде што студирал социологија во Марбург, Берлин и Лајпциг. Бидејќи Диркем бил награден за неколку есеи, во Лајпциг научил да ја цени вредноста на емпиризмот и неговиот јазик со конкретни, сложени предмети, со остар контраст со поапстрактното, јасни и едноставни идеи на Декартовиот метод.[11]
Академска кариера
уредиВо 1887 година, Диркем отпатувал во Бордо, каде што само што се отворил првиот француски центар за обука на наставници. Таму предавал педагогија и социологија (којашто никогаш претходно не се предавала во Франција). Од оваа позиција Диркем помогнал за подобрување на образованието во Франција и во неговата програма ги вовел општествените науки.[12] Меѓутоа, бил многу критикуван за своите контроверзни верувања дека религијата и моралот може да се објаснат како општествени односи.
1890-тите години за Диркем биле период на извонредно креативно работење. Во 1892 година, ги објавил Поделбата на трудот во општеството, неговата докторска дисертација и темелното тврдење за природата на човековото општество и неговиот развој.[13] Интересот на Диркем за општествените феномени бил форсиран од политиката. Поразот на Франција во Француско-пруската војна довел до пад на режимот на Наполеон III, којшто се заменил со Третата република. Ова наизменично довело до јака реакција против новото секуларно и републичко владеење, бидејќи повеќето сметале дека за да закрепне пригушената моќ на Франција потребен е енергичен националистички пристап. Диркем, евреин и цврст поддржувач на Третата република со симпатии спрема социјализмот, бил во политичкото малцинство, ситуација којашто го поттикнала политички. Аферата Дрејфус од 1894 година само го зајакна неговиот активистички став.
Во 1895 година ја објавил книгата Правила на социолошкиот метод, манифест во којшто се изнесува што е социологијата и како треба да се постапи и ја отворил првата европска катедра за социологија на Универзитетот Бордо. Во 1898 година го основал весникот L'Année Sociologique со цел да ја објави и рекламира работата на растечкиот број студенти и соработници (ова исто така е името употребено за именување на групата студенти, коишто ја развија неговата социолошка програма). И на крај, во 1897 година, ја објавил книгата Самоубиство, студија на случај, којашто дава пример како би изгледала социолошката монографија. Диркем бил еден од основачите кој за време на својата студија на случај за самоубиство употребувал квантитативни методи во криминологија.
До 1902 година, Диркем најпосле ја постигнал својата цел за добивање истакната позиција во Париз кога станал професор за образование на Сорбона. Поради тоа што француските универзитети се институции за обука на наставници за средно училиште, оваа позиција на Диркем му дала големо влијание – единствено неговите предавања биле задолжителни за целото студентско тело. И покрај тоа што некои, како последица на аферата Дрејфус, го сметале за политичко назначување, до 1912 годнина Диркем ја зацврстил својата институционална моќ кога бил назначен на катедрата и ја преименувал во катедра за образование и социологија. Таа година го објавил и своето последно поголемо дело, Основните форми на религиозниот живот.
Избувнувањето на Првата светска војна имаше трагичен ефект врз животот на Диркем. Неговото левичарство секогаш било повеќе патриотско отколку интернационалистичко – барал секуларен, рационален облик на живот во Франција. Но, доаѓањето на војната и неизбежната националистичка пропаганда, којашто следеше, го отежна одржувањето на оваа веќе претопена позиција. Додека Диркем активно работел да ја поддржи својата држава во војната, неговиот отпор да се предаде на лажната националистичка жештина (заедно со својата еврејска позадина) го претворил во природна мета на сега доминантната француска десница. Уште посериозно, генерацијата студенти, коишто ги обучил Диркем ги регрутирале во армијата и многу од нив загинале во рововите. На крај, синот на Диркем, Андре, загинал на фронт во декември 1915 година – психички удар од кој Диркем никогаш не се опорави. Емотивно уништен и преработен, Диркем во 1917 година во Париз почина од мозочен удар и е закопан на гробиштата Монпарнас во Париз.
Достигнувања
уредиДиркем познавал неколку странски јазици и за L'Année Sociologique објавувал академски трудови на германски, англиски и италијански јазик. Меѓутоа, странски научници понекогаш со негодување и чудење забележувале дека Диркем ретко патувал и дека, како многу француски научници и истакнатиот британски антропологист Сер Џејмс Фрејзер, тој никогаш не презел каква било работа на терен. Најголем дел информации Диркем ги проучувал на абориџинските племиња од Австралија и Нова Гвинеја, а за Ескимите информациите ги собрале други антрополози, патници или мисионери.[2]
Ова не се должи на провинцијализмот или недостатокот на внимание спрема конкретното. Намера на Диркем не била да створи опасна и догматска генерализација со запоставување на емпиристкото набљудување. Меѓутоа, тој утврдил дека конкретните испитувања во зафрлени делови на светот не секогаш водат до расветлување на минатото или дури и на сегашноста. За него, фактите немале интелектуално значење освен ако се групирани во типови и закони. Постојано тврдел дека од структурата подигната од внатрешната природа на реалното се добива знаење за конкретната реалност, знаење кое не е добиено со набљудување на фактите од надворешната средина. Со тоа створил концепти како што се сакралност и тотемизам на истиот начин на кој Карл Маркс го развил концептот на сталежот. Навистина, животниот интерес на Диркем не лежел во користа на проучувањето на т.н. примитивни племиња туку во светлината, којашто таквата студија може да ја фрли на сегашноста.[2]
Теории и идеи
уредиОпштествени факти
уредиПрвично, Диркем се интересирал како општествата можат да го одржат својот интегритет и врска во модерната ера, кога нештата како заедничката религиозна и етничка позадина веќе не можат да се прифатат. Со цел да го проучи општествениот живот во модерните општества, создал еден од првите научни пристапи кон општествените феномени. Заедно со Херберт Спенсер, бил еден од првите кој го објаснил постоењето и квалитетот на различните делови на општеството со податоци за улогата, којашто тие ја имаат во управувањето со секојдневието (како тие причинуваат општеството да „функционира“), а понекогаш се смета за претходник на функционализмот. Диркем, исто така, тврдел дека општеството е повеќе од множество од неговите делови. Со тоа за разлика од неговите современици Фердинанд Тенис и Макс Вебер, не се фокусирал на тоа што ги поттикнува постапките на поединците (пристап поврзан со методолошкиот индивидуализам) туку на студијата за општествени факти, поим, којшто го измислил за да ги опише феномените кои постојат во и надвор од нив и не се поврзани со постапките на поединците.
Диркем тврдел дека општествените факти имаат, sui generis, независно постоење поголемо и пообјективно од постапките на поединците, коишто го сочинуваат општеството. Со тоа што се надвор од поединецот, општествените факти, исто така, имаат принудна моќ врз различните луѓе кои го сочинуваат општеството и понекогаш може да се забележи во случајот на формалните закони и регулативи, но исто така и во феномените како црковните служби или семејни норми.[14] За разлика од фактите проучени во природните науки, „општествен“ факт се однесува на одредени категории феномени: се состои од начини на однесување, мислење, чувствување, надвор од поединецот и обдарени со моќта на принуда, со причина со која го контролираат. Според Диркем, овие феномени не можат на се ограничат на биолошки или психолошки основи.[15]
Оттука Диркем дури и „најиндивидуалистичките“ или „најсубјективните“ феномени, како самоубиството, ги означил како објективни општествени факти. Поединците коишто го сочинуваат општеството не причинуваат директно самоубиство: самоубиството во општеството постои независно, дали поединецот го сака тоа или не. Дали поединецот го „напушта“ општеството не менува ништо во фактот дека во ова општество сè уште ќе се случуваат самоубиства. Според тоа, задачата на социологијата се состои од откривање на квалитетите и одликите на таквите општествени факти, коишто може да се откријат со квантитативен или експериментален пристап (Диркем се потпирал на статистиката). Може да се утврди дека Диркем бранел форма на социолошки позитивизам,[16] често одел до таа мера што општествените факти ги обработувал од медицинска гледна точка со барање на нормални наспроти патолошки одлики.
Метод и објективност
уредиВо својата книга Правила на социолошкиот метод'' (1895 година), Диркем ја изразил својата желба да основа метод кој на социологијата ќе и обезбеди вистински научен карактер. Едно од прашањата, коишто ги постави авторот се однесува на објективноста на социологот: како може да се проучува предмет, којшто од самиот почеток се условува и врзува на набљудувачот? Според Диркем, набљудувањето мора да биде колку што е можно поправедно и порамнодушно, иако можеби никогаш нема да се достигне „совршено објективно набљудување“. Според тоа, социологијата треба да даде предност на споредувањето, а не на студијата на поединечни независни факти.[17] Оттука, општествен факт секогаш мора да се проучува во согласност со неговата врска со други општествени факти, а никогаш според поединецот кој го истражува.
Социолошки студии
уредиОбразование
уредиДиркем, исто така се интересирал и за образованието. Делумно ова беше поради тоа што професионално бил вработен да обучува наставници, а својата способност ја употребувал да ја обликува наставната програма и да ги постигне своите цели што е можно повеќе да предава за социологијата. Сепак, Диркем поопширно се интересирал за начинот на кој образованието може да се искористи за на француските граѓани да им обезбеди вид споделена, секуларна позадина, којашто би била потребна за спречување на растројството во модерното општество. Исто така предложил обликување професионални групи, коишто ќе служат како извор на солидарност за возрасните.
Диркем тврдел дека образованието има повеќе функции:
1. Зајакнувањен на општествената солидарност - Историја: Учењето за поединците кои направиле добри нешта за многумина причинува да се чувствуваат незначајни. - Заклетва на верност: Причинува поединците да се чувствуваат како дел од група и со тоа помалку ги кршат правилата. 2. Одржување на улогата во општеството - Училиштето е минијатурно општество. Има слична хиерархија, правила, очекувања за „надворешниот свет“. Ги обучува младите да извршуваат улоги. 3. Одржување на поделбата на трудот. - Училиштето ги распоредува учениците во групи вештини, ги поттикнува учениците да се вработат во полиња кои најмногу одговараат на нивните способности.
Криминал
уредиГледиштата на Диркем за криминалот отстапуваа од конвенционалните идеи. Верувал дека криминалот е „поврзан со фундаменталните услови на целиот општествен живот“ и има општествена улога. Изјавил дека криминалот подразбира, „не само дека патот останува отворен за потребна промена, туку и дека во одредени случаи директно ги предлага овие промени... криминалот (сепак може да биде) корисна предигра за преправки.“ Според ова, криминалот го сметал за способност да се ослободат одредени општествени тензии и дека има прочистувачки и разбиструвачки ефект во општеството. Понатаму, утврдил дека „авторитетот кој го ужива моралната свест не смее да биде претеран; инаку, никој не би се осмелил да ја критикува и многу лесно би се зацврстила во непроменлива форма. За да се постигне напредок, поединецот прво мора да биде способен да се изрази... (дури и) оригиналноста на криминалот... исто така треба да биде возможен“ (Диркем, 1895 година).
Право
уредиОсвен специфичното учење за криминалот, кривичното право и казнувањето, Диркем длабоко се интересирал и за учењето на правото и општо за неговите општествени ефекти. Меѓу класичните општествени теоретичари тој е еден од основачите на социологијата на правото. Во почетокот на своето работење забележал типови право, кое го разликувал на казнено наспрема обесштетувачко право (окарактеризирани според нивните казни), како директно отсликување на типовите општествена солидарност. Според тоа, студијата на правото беше од интерес на социологијата во врска со тоа што може да открие за природата на солидарноста. Меѓутоа, подоцна го нагласил значењето на правото како социолошко поле на учење со свое сопствено право. Во подоцнежните гледишта на Диркем, правото (и цивилното и кривичното) е израз и гаранција на темелните вредности на општеството. Диркем го нагласи начинот на кој модерното право сè повеќе изразува форма на морален индивидуализам – вредносен систем, којшто, според него, е можеби единствениот општо соодветен на модерните услови на општествената солидарност.[18] Според ова, индивидуализмот е основа на човековите права и на вредностите на човечкото достоинство на поединецот и самостојноста на поединецот. Треба остро да се разликува од себичноста и егоизмот, кои за Диркем воопшто не претставуваат морални ставови. Повеќето најблиски следбеници на Диркем, како Марсел Маус, Пол Факон и Пол Хувелин исто така специјализираа или придонесоа во социолошкото учење на правото.
Самоубиство
уредиВо својата книга Самоубиство (1897 година), Диркем ја проучува разликата во бројот на самоубиства кај протестантите и католиците и објаснува дека како последица на построгата општествена контрола кај католиците бројот на самоубиства е помал. Според Диркем, во католичкото општество има нормални нивоа на соединување, додека пак во протестантското општество има пониски нивоа. Во ова толкување постојат најмалку два проблема. Прво, Диркем најголемиот број од податоците го земал од претходни истражувачи, пред сè од Адолф Вагнеи и Хенри Морсели,[19] кои беа попретпазливи во обопштувањето на сопствените податоци. Второ, подоцнежните истражувачи откриле дека разликите во самоубиства меѓу протестантите и католиците биле ограничени на делот на Европа каде се зборува германски јазик и можеби според тоа секогаш постоел одразот на сомнеж на други фактори.[20] Освен своите ограничувања, делото на Диркем за самоубиствата имало влијание врз поборниците на теоријата на контрола и често се спомнува како класична социолошка студија.
Студијата на Диркем за убиството е критикувана како пример на логичка грешка означена како еколошка заблуда.[21][22] Навистина, заклучоците на Диркем за однесувањето на поединецот (на пр. самоубиство) се засноваат на собрани статистички податоци (бројот на самоубиства меѓу протестантите и католиците). Овој вид заклучок, којшто микро настаните ги објаснува во смисла на макро особини, често е лажен, како што е прикажано со примери на парадоксот на Симпсон.[23]
Меѓутоа, гледиштата кои се разидуваат, расправаа дали делото на Диркем навистина содржи еколошка заблуда. Ван Попел и Деј (1996 година) изнесоа дека разликите во бројот на самоубиства меѓу католиците и протестантите може да се објасни со тоа како се категоризирани смртните случаи во двете општествени групи. На пример, додека „ненадејните смртни случаи“ или „смртни случаи поради болест – со одредена или неодредена причина“ кај протестантите често се категоризираат како самоубиства, што не е случај кај католиците. Според тоа, Диркем повеќе би направил емпириска грешка отколку логичка грешка.[24] Некои, како на пример Инкелс (1959 година),[25] Џонсон (1965 година)[26] и Гибс (1968 година),[27] тврдеа дека намерата на Диркем била самоубиството да го објасни само од социолошка гледна точка, и дека „имаше намера со својата теорија да ги објасни разликите меѓу општествените средини во случајот на самоубиство, а не самоубиствата кај одредени поединци“.[28]
Понови автори, како на пример Берк (2006 година), исто така ги испитуваат микро-макро односите во делото на Диркем. На пример, Берк забележува дека
Диркем зборува за „збирно движење“ кое ја отсликува збирната склоноста, којашто потекува низ каналите на општественото уредување. Брзината на движењето го одредува волуменот на самоубиства (...) Со претставувањето на психолошките промени (односно промени кај поединецот) како на пример депресија, (којашто може да се сфати како) независна (неопштествена) причина за самоубиство, се пропушта сфаќањето на Диркем дека овие промени се тие, коишто се најзафатени од поголемите општествени сили и без овие сили кај таквите поединци не може да се случи самоубиство.[29]
Диркем утврдил дека има четири типа самоубиства:
- Егоистични самоубиства се последица на слабеење на врските, коишто обично ги врзуваат поединците во заедницата: со други зборови, пореметување или намалување на општественото соединување. Диркем укажува дека овој тип самоубиства се резултат на „прекумерната индивидуација“, што значи дека поединецот се одделува од другите членови од неговата заедница. Тие поединци, коишто не се доволно врзани за општествените групи (а со тоа добро дефинираните вредности, традиции, норми и цели) се оставени со мала општествена поддршка или советување и поради тоа се склони кон самоубиство. Пример кој го открил Диркем е тој на невенчаните луѓе, особено мажи, коишто помалку се поврзуваат со стабилни општествени норми и цели и во поголем број извршуваат самоубиство отколку венчаните луѓе.[30]
- Алтруистички самоубиства се појавуваат во општества со поголемо соединување, каде потребите на поединецот се сметаат за помалку важни отколку потребите на општеството како целина. Тие се појавуваат на спротивната скала за соединување од егоистичното самоубиство.[30] Иако интересот на поединецот не се смета важен, Диркем утврдил дека во алтруистичко општество би имало помалку причини луѓето да извршат самоубиство. Утврдил еден исклучок, т.е. кога од поединецот се очекува да се самоубие за корист на општеството – главен пример е војник во војска.
- Самоубиства од растројство се производ на моралното ослободување и недостаток на одредување на законити тежнења преку ограничување на општествената етика, којашто во совеста на поединецот може да пропише значење и ред. Ова укажува на недостатокот од економски развој и поделба на трудот за да се создаде органската солидарност на Диркем. Луѓето не знаат каде припаѓаат во своите општества. Диркем објаснува дека ова е состојба на морално нарушување каде желбите на човекот се ограничени и, според тоа, неговите разочарувања се бесконечни.
- Фаталистички самоубиства се појавуваат во преугнетувачки општества (општества во кои постои угнетување) и предизвикува луѓето повеќе да посакуваат да умрат отколку да продолжат да живеат во своето општество. Ова е многу ретка причина поради која луѓето си ги одземаат своите животи, но добар пример би бил затворот; луѓето повеќе сакаат да умрат отколку да живеат во затвор со постојано злоупотребување и прекумерна контрола која им забранува да ги исполнат своите желби.
Овие четири типа самоубиства се засновани врз степенот на нерамнотежа на две општествени сили: општественото соединување и моралното уредување.[30] Диркем ги забележа последиците од различни кризи во општествените групи: војната, на пример, води до зголемување на алтруизмот, економски бум или катастрофа, коишто придонесуваат за растројство.[31]
Религија
уредиВо класичната социологија, учењето за `религијата на почетокот се занимаваше со две опсежни прашања:
1. На кој начин религијата придонесува во одржувањето на општествениот ред? 2. Која беше врската меѓу религијата и капиталистичкото општество?
Овие две прашања се обединуваа во аргументот дека индустрискиот капитализам ќе ја наруши традиционалната религиска обврска и на тој начин го загрозува единството на општеството. Неодамна предметот попрецизно се дефинира како студија на религиозни институции. Во својата статија, „Потеклото на верувањата“, Емил Диркем ја постави традицијата на позитивизмот, што значи дека својата студија за општеството ја сметал за невозбудлива и научна. Длабоко се интересирал за прашањето што ги одржува сложените општества заедно. Религијата, тврдел, е израз на општествено единство. Негов основен интерес бил да го разбере постоењето на религијата во отсуство на верување во кои било принципи на религијата. Диркем за најосновна форма на религија го сметаше тотемизмот. Најјасно за овој систем верување е основната поделба на свето и световно. Сите други религии, според него, се производ на ова разликување, и додава митови, ликови и традиции. Диркем верувал дека тотемското животно е изразот на светата и првичната мисла на религиозната дејност затоа што тоа беше симбол за општествена група, клан. Оттука религијата е неизбежна, исто како што општеството е неизбежно кога поединци живеат заедно како група.
Диркем сметал дека моделот за односи меѓу луѓето и натприродното е односот меѓу поединецот и општеството. Тој е познат по изразот „Бог е општество, моќно општество.“ Диркем верувал дека луѓето владеат со физичкиот свет, натприродниот свет и општествениот свет според слични начела.
Првата цел на Диркем била да го открие општественото потекло на религијата бидејќи сметал дека религијата е извор на другарство и солидарност. Претставува начин на поединецот да стане препознатлив во основаното општество. Неговата втора цел била да ги открие врските меѓу одредени религии во различни култури и да најде заеднички именител. Верувањето во натприродните подрачја и случки можеби не се среќаваат во сите религии, но постои јасна поделба на различни начини на живеење, одредени однесувања и физички нешта.
Во минатото, тврдел, религијата била спој на општеството – средството со коешто луѓето од секојдневните грижи во коишто биле заплеткани се осврнувале на општа преданост спрема светите предмети. Неговата дефиниција за религијата, денес омилена меѓу антрополозите, беше, „Религија е општ систем на верувања и обичаи поврзани со свети предмети, т.е. различни нешта, и забранети предмети – верувања и обичаи, коишто се обединуваат во единствена морална заедница наречена црква, сите оние, коишто се придржуваат кон нив.“ („Основните форми на религиозното живеење, Книга 1, Поглавје 1)
Диркем верувал дека „општеството мора да биде присутно во поединецот.“ Религијата ја гледал како механизам којшто, зајакнувал или штител загрозено општествено уредување. Сметал дека религијата во минатото била спој на општеството, но дека пропаѓањето на религијата нема да доведе до морална имплозија. Диркем посебно се интересирал за религијата како искуство на заедницата, а не на поединецот. Исто така сметал дека религиозните феномени се појавуваат кога е направена поделба на световното (кралството на секојдневните дејствувања) и светото (кралството на извонредното и натприродното); овие се разликуваат во зависност од волјата на човекот. Пример за ова е виното на причесна, бидејќи не е само вино туку ја претставува крвта на Христос. Диркем верувал дека „религијата ја благословува општеството“, бидејќи тврдел дека религијата се појавува во општествен контекст. Исто така, наместо како предците, коишто се обидоа да ги заменат религиите кои изумираат, ги повика луѓето да се обединат во граѓански морал бидејќи ние сме резултат на општеството.
Диркем религијата ја подели на четири главни фунции:
1. Дисциплинска, присилување или дисциплина за управување 2. Обединувачка, ги обединува луѓето, силна врска 3. Оживувачка, го прави духот пожив или енергичен, го оживува, зајакнува 4. Еуфорична, добро чувство, среќа, самодоверба, благосостојба
Избрани дела
уреди- Придонесот на Монтескје во обликувањето на општествените науки (1892 година)
- Поделбата на трудот во општеството (1893 година)
- Правила на социолошкиот метод (1895 година)
- За нормалноста на криминалот (1895 година)
- Самоубиство (1897 година)
- Забраната за инцест и неговите почетоци (1897 година), објавена во L'Année Sociologique, прво издание, страна 1-79
- Социологијата и нејзината научна област (1900 година), превод на италијански текст насловен "La sociologia e il suo domino scientifico"
- Основните форми на религиозното живеење (1912 година)
- Кој сакаше војна? (1914 година), во соработка со Ернест Денис
- Германија над сите (1915 година)
Посмртно објавени
уреди- Образование и социологија (1922 година)
- Социологија и филозофија (1924 година)
- Морално образование (1925 година)
- Социјализам (1928 година)
Наводи
уреди„Емил Диркем“ на Ризницата ? |
- ↑ [Kim, Sung Ho (2007). "Max Weber". Stanford Encyclopedia of Philosophy (24 август 2007 entry) http://plato.stanford.edu/entries/weber/ (Retrieved 17-02-2010)]
- ↑ 2,0 2,1 2,2 ["Émile Durkheim." Encyclopædia Britannica. 2009. Encyclopædia Britannica Online. (Retrieved 14-06-2009)]
- ↑ [Hayward, J.E.S. "Solidarist Syndicalism: Durkheim and DuGuit", Sociological Review, Vol. 8 (1960)]
- ↑ [Thompson, Kenneth. 2002. Emile Durkheim. Routledge]
- ↑ 5,0 5,1 5,2 [Gianfranco Poggi (2000). Durkheim. Oxford: Oxford University Press. pp. 1.]
- ↑ [Strenski, Ivan. 1997. Durkheim and the Jews of France. Chicago: University of Chicago Press, Google Print pp. 1-2]
- ↑ ["While Durkheim did not become a Rabbi, he may have transformed his father's philosophical and moral concerns into something new, his version of sociology." – Meštrović, Stjepan Gabriel (1993). Émile Durkheim and the reformation of sociology. Rowman & Littlefield, Google Print, p. 37]
- ↑ [ickering, W. S. F. 2001. "The Enigma of Durkheim's Jewishness", in Critical Assessments of Leading Sociologists. British Centre for Durkheimian Studies, v. 1, Google Print, p. 79]
- ↑ [Gianfranco Poggi (2000). Durkheim. Oxford: Oxford University Press. pp. 2.]
- ↑ [Bottomore, Tom, Robert Nisbet (1978). A History of Sociological Analysis. Basic Books. pp. 8.]
- ↑ [Jones, Robert Alun and Rand J. Spiro. "Contextualization, cognitive flexibility, and hypertext: the convergence of interpretive theory, cognitive psychology, and advanced information technologies." in Susan Leigh Star (ed.) 1995. The Cultures of Computing. Sociological Review Monograph Series, Google Print p. 149]
- ↑ [Gianfranco Poggi (2000). Durkheim. Oxford: Oxford University Press. pp. 3.]
- ↑ [Gianfranco Poggi (2000). Durkheim. Oxford: Oxford University Press. pp. x.]
- ↑ [Martin, Michael and Lee C. McIntyre. 1994. Readings in the Philosophy of Social Science. Boston: MIT press, Google Print p. 433]
- ↑ [Martin, Michael and Lee C. McIntyre. 1994. Readings in the Philosophy of Social Science. Boston: MIT press, Google Print p. 434]
- ↑ [Suicide [...] is indeed the paradigm case of Durkheim's positivism: it remains the exemplar of the sociological application of statistics." Hassard, John. 1995. Sociology and Organization Theory: Positivism, Paradigms and Postmodernity. Cambridge University Press (ISBN 0-521-48458-8) Google ]
- ↑ ["Durkheim was the first to seriously use the comparative method correctly in the scientific sense" Cf. Collins, Randall. 1975. Conflict Sociology: Toward an Explanatory Science. N.Y.: Academic Press, p. 529]
- ↑ [Cotterrell, Roger (1999). Emile Durkheim: Law in A Moral Domain. Stanford University Press. chs. 7–9]
- ↑ [Stark, Rodney and William Sims Bainbridge. 1996. Religion, Deviance and Social Control. Routledge, Google Print p. 32]
- ↑ [Pope, Whitney, and Nick Danigelis. 1981. "Sociology's One Law," Social Forces 60:496-514.]
- ↑ [Freedman, David A. 2002. The Ecological Fallacy. University of California. [1]]
- ↑ [H. C. Selvin. 1965. "Durkheim's Suicide:Further Thoughts on a Methodological Classic", in R. A. Nisbet (ed.) Émile Durkheim pp. 113-136]
- ↑ [rzik, Gurol and Eric Meyer. "Causal Modeling: New Directions for Statistical Explanation", Philosophy of Science, Vol. 54, No. 4 (Dec., 1987), p. 509]
- ↑ [Van Poppel, Frans, and Lincoln H. Day. "A Test of Durkheim's Theory of Suicide--Without Committing the Ecological Fallacy". American Sociological Review, Vol. 61, No. 3 (Jun., 1996), p. 500]
- ↑ [Cf. Inkeles, A. 1959. "Personality and Social Structure." pp. 249-76 in Sociological Today, edited by R. K. Merton, L. Broom, and L. S. Cottrell. New York: Basic Books.]
- ↑ [Cf. Johnson, B. D. 1965. "Durkheim's One Cause of Suicide." American Sociological Review, 30:875-86]
- ↑ [Cf. Gibbs, J. P. and W. T. Martin. 1958. "A Theory of Status Integration and Its Relationship to Suicide." American Sociological, Review 23:14-147.]
- ↑ [Berk, Bernard B. "Macro-Micro Relationships in Durkheim's Analysis of Egoistic Suicide". Sociological Theory, Vol. 24, No. 1 (Mar., 2006), p. 60
- ↑ [Berk, Bernard B. "Macro-Micro Relationships in Durkheim's Analysis of Egoistic Suicide". Sociological Theory, Vol. 24, No. 1 (Mar., 2006), pp. 78-79]
- ↑ 30,0 30,1 30,2 [Thompson, Kenneth. 1982. Emile Durkheim. London: Tavistock Publications, pp. 109-111]
- ↑ [Dohrenwend, Bruce P. "Egoism, Altruism, Anomie, and Fatalism: A Conceptual Analysis of Durkheim's Types", American Sociological Review, Vol. 24, No. 4 (Aug., 1959), p. 473]