Елсворт (поларна станица)

Елсворт (шпански: Estación Científica Ellsworth, или едноставно Estación Ellsworth или Base Ellsworth ) — постојана, целогодишна првично американска, а потоа аргентинска научноистражувачка станица на Антарктикот именувана по американскиот поларен истражувач Линколн Елсворт. Се наоѓала во Гулдовиот Залив, на Филхнеровиот Леден Гребен.

Елсворт
Estación Científica Ellsworth
Estación Ellsworth
Base Ellsworth
Антарктичка база
Научна станица Елсворт
UC-1 Otter of VXE-6 in flight near Ellsworth Station, Antarctica in 1958
UC-1 Отер од VXE-6 во лет во близина на Елсвортовата станица во 1958 година
Country Аргентина
ПокраинаОгнена Земја, Антарктика и Јужни Атлантски Острови
ДепартманАргентински Антарктик
ПодрачјеФилхнеров Леден Брег
МестоположбаГулдов Залив
Воспоставенајануари 18 1957 (1957-01-18)
(1956–57 austral summer season)
Наречено поЛинколн Елсворт
Управа
 • ВидДиректорат
 • ОрганНационална дирекција за Антарктикот
 • ОператорАргентински антарктички институт
Надм. вис.&1000000000000004200000042 м
Население
  • Лето: 40
  • Зима: 40
Часовен појасАВ (UTC-3)
ВидЦелогодишен (1957–1962)
ПериодГодишен
СтатусНапуштена од 1962 заради безбедносни причини.
Се претпоставува дека остатоците се изгубени во Јужниот Океан
Објекти
  • Главна куќа
  • Куќи за персоналот
  • Авионска писта
  • Радиостаница
  • Електрана
  • Лабораторија (метеорологија, астрономија, сеизмографија, риометрија)

Била затворена во 1962 година поради безбедносни причини, бидејќи била изградена на мраз чија нестабилност се зголемувала, што предизвикало брзо влошување на неговите градби и го загрозувала персоналот и опремата.[1]

Историја уреди

Елсвортовата била изградена од Морнарицата на Соединетите Американски Држави под команда на капетанот Фин Роне, [2] со поддршка на мразокршачите УСС <i id="mwHg">Стејтен Ајленд</i> и УСС <i id="mwIA">Вајандот</i>, под команда на Френсис Гамбакорта.[3] [4] Првично планираното место за станицата бил Кејп Адамс, но кога теренот се покажал непрактичен поради огромните ледени гребени, била избрана алтернативна локација во Гулдовиот Залив,[3] на западниот брег на Веделското Море над Филхнеровиот Леден Гребен и блиску до аргентинската база Белграно I.[5]

Како дел од предвидената агенда за Меѓународната геофизичка година, Елсвортовата станица била пуштена во употреба на 11 февруари 1957 година и помалку од две години подоцна, на 17 јануари 1959 година, му била предадена на Аргентинскиот антарктички институт. Заедно со примопредавањето, владата на Соединетите Американски Држави ги предала сите згради, објекти и постојни резерви на храна, додека Аргентина ги обезбедувала логистичките и административните услуги неопходни за продолжување на работата на станицата.[5] Било договорено научниците од двете земји да работат заедно на лице место на технички студии и научни истражувања.[5]

На 31 декември 1959 година, аргентинскиот мразокршач ARA <i id="mwNg">General San Martín</i> се упатил кон Елсвортовата станица да донесе нов персонал и испорача и намирници кога добил СОС сигнал од норвешко-јужноафриканскиот истражувачки брод Поларбјорн, кој се заглавил во мраз. Аргентинците успеале да го ослободат бродот за да може да ја следи неговата планирана рута долж крајбрежјето, меѓутоа, бродот подоцна не бил во можност да стигне до својата примарна цел - сместена на најдлабоката вдлабнатина на Веделското Море - поради невообичаено дебелa ледена соспа на целната област.[6]

На 6 јануари 1962 година, капетанот на фрегата Хермес Квијада од Аргентинската поморска авијација, кој водел лет со два авиони Даглас Ц-47, застанал во Елсвортовата база пред да продолжи кон Јужниот Пол. Тој станал пилот на првиот авион што полетал од Америка, а потоа слетал на Јужниот Пол.[5][7]

Опстојувањето на станицата била доведена во прашање кога структурните проблеми предизвикани од нестабилниот мраз довеле до потонување на половина основа во поголемиот дел од пролетта.[1] За да се заштити персоналот и опремата, Елсвортовата база била затворена и целиот нејзин персонал и опрема биле евакуирани на 30 декември 1962 година, за време на летната кампања на Антарктикот 1962–63 година.[5] Се продолжило со периодични проверски од аргентинските тимови за истражување:[8] на крајот била покриена со снег и мраз. Секторот на Филхнеровиот Гребен, каде што се наоѓала бил отцепен како џиновска санта мраз, а потоа одвеан во Јужниот Океан, каде што остатоците од базата се изгубени во морето.[1]

Опис уреди

Првичните објекти на Елсвортовата станица можеле да сместат над 40 луѓе.

Научни активности уреди

За време на неговите оперативни денови, биле извршени голем број експерименти и набљудувања во Елсвортовата станица, вклучувајќи набљудувања на јоносферската риометрија ; биологија ; човечка физиологија; и метеорологија на површината и висока атмосфера, вклучувајќи мерења на зрачење и јаглерод диоксид.[5]

Исто така, имало активно истражување во врска со глациологијата на Филхнеровиот Леден Гребен, кој бил истражен од неколку експедиции изведени од станицата. Некои од овие патроли стигнале до Западната пукнатина на огромната бариера, завршувајќи ја триангулацијата Елсворт-Белграно.[5]

Клима уреди

Подрачјето е премин на атмосферски фронтови насочени кон север: иако не врне, тие произведуваат силни ветрови кои надминуваат 200 км/час кои радикално ја намалуваат привидната температура.[9]

Клима на {{{Место}}}
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 „Campaña Antártica 1962–1963“ (шпански). Sitio no oficial del rompehielos A.R.A. Almirante Irízar. Архивирано од изворникот на 20 February 2009.
  2. Griffiths 2007.
  3. 3,0 3,1 Mooney 1976.
  4. „Antarctica Detail“. geonames.usgs.gov. Архивирано од изворникот на 2020-02-24. Посетено на 2022-09-26.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 5,6 „Base Ellsworth“ (шпански). Fundaciòn Marambio. Архивирано од изворникот на 24 March 2014.
  6. Symposium on Antarctic Logistics 1963.
  7. „Primer Vuelo Argentino al Polo Sur“ (шпански). Fundaciòn Marambio. Архивирано од изворникот на 3 March 2011.
  8. „Campaña Antártica 1972–1973“ (шпански). Sitio no oficial del rompehielos A.R.A. Almirante Irízar. Архивирано од изворникот на 24 March 2014.
  9. „Base Belgrano II“ (шпански). Fundaciòn Marambio. Архивирано од изворникот на 2 June 2012.

Литература уреди

Надворешни врски уреди