Елмедин Адеми
Елмедин Адеми (албански: Elmedin Ademi; р. 26 јуни 1988 во Тетово, Македонија) — македонски претприемач, основач и извршен директор на Screen Media („Скрин Медија“) и на градежната компанија EUROVIA („Еуровија“).
Елмедин Адеми | |
---|---|
![]() Слика во дирекција на групација Еуровиа | |
Роден(а) | 26 јуни 1988 |
Националност | Албанец |
Државјанство | Македонија |
Занимање | претприемач |
Активен период | 2008–денес |
Богатство | ![]() |
Звање | основач, извршен директор на Еуровиа |
Сопружник | Арбе Адеми (в. 2011) |
Деца | 2 |
Роднини | Абдилаќим Адеми (братучед) |
Потпис |
Од 2015 година, Screen Media е прва во рекламната индустрија за надворешно рекламирање, врз основа на годишниот промет. Елмедин бил именуван како еден од најуспешните бизнис-претприемачи во Македонија во 2015 година.[1] Во 2016 година бил прогласен за добитник на националната награда за Македонија на Европските бизнис награди.[2] Англиската фондација ACCOLA во 2017 година во можности за партнерство, ангажираше професионални проценувачи и ревизори со што имотот на бизнисите на Елмедин биле проценети на 12 милиони евра.[се бара извор]
Живот и образованието Уреди
Роден е на 26 јуни 1988 година во градот Тетово. Има завршено средно училиште во родниот град Тетово. Дипломирал на факултетот за компјутерски науки на Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕУ).
Елмедин ја изрази својата желба да стане претприемач уште од неговата млада возраст. Во 2010 година ја основа Евровиа Групацијата, која денес работи во 3 различни земји со повеќе од 6 здружени компании во различни области[3]. Неговото претприемништво достигна тотално поинакво ниво во 2019 година, како година во која групацијата Еуровиа под надзор на Елмедин Адеми, влегува на албанскиот и косовскиот пазар, со своите проекти за инвестиции во недвижнини[4][5].
Почетоците Уреди
Во 2008 година започна со приватниот бизнис во областа на маркетинг, односно рекламирање со надворешно рекламирање, Screen Media, како еден од најуспешните во Македонија во оваа област. Во текот на 2012 година неговото семејство ќе му го предаде и Eurovia на негово раководство, Еуровиа е семејно претпријатие основано од 1978 година, специјализирано за проектирање и изградба на каков било вид на објект, комерцијален или индустриски. Оттогаш, тој се фокусираше на проектирање и градежни работи.
Посветеност и воспоставување на други бизниси во Македонија Уреди
Во 2016 година, тој потпиша ексклузивен договор со производителот New Country - Тирана за да биде генерален увозник на сите АМА производи (кафе, капсула, ладен кафе, турско кафе) во Република Македонија. На почетокот на 2018 година започна комерцијален онлајн проект со производи за кафе, односно брендовите Cafeitaly и Ama Архивирано на 20 февруари 2018 г., каде што ќе има огромен успех во Република Македонија.
Наводи Уреди
- ↑ „Сопствениците на две компании за билборди меѓу најуспешните претприемачи годинава“. Marketing365. Посетено на 1 март 2018.
- ↑ „МРТ“. www.mrt.com.mk. Посетено на 1 март 2018.
- ↑ Еуровиа, Групација (2020-02-01). „Фирми во сопственост на Елмедин Адеми“. The Eurovia Group (англиски). Архивирано од изворникот на 2020-11-27. Посетено на 2020-12-13.
- ↑ „Eurovia, drejt ndërtimit të resortit të ri në Shqipëri“. Business Magazine Albania (англиски). 2018-03-09. Посетено на 2020-12-13.
- ↑ „EUROVIA shpknj“. opencorporates.al. Посетено на 2020-12-13.
Надворешни врски Уреди
- ,,Компромисот“ меѓу рекламерите и Градот го намали бројот на билборди за партиите
- Со пониска понуда за 2.400 евра, „Бауер БГ“ доби тендер за градинка во Чаир од 2 милиони евра
- СДСМ дели концесии за хидроелектрани на фирми од ДУИ и покрај протестите на локалните жители
- ДРУГАТА СТРАНА НА РЕКЛАМИТЕ: КОЈ СТОИ ЗАД БИЗНИСОТ СО БИЛБОРДИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА? Архивирано на 16 октомври 2020 г.
- Роднини на функционер на ДУИ царуваат во маркетингот и во градежништвото!
- Како синот на Лазов и внукот на Адеми добија концесии за билборди?
- ДУИ собрала 174 илјади евра од донации
- Сопствениците на две компании за билборди меѓу најуспешните претприемачи годинава
- Лајм: Роднините на Абдилаќим Адеми реагираат после „бомбите”