Екстремов Леден Гребен
Екстремов Леден Гребен (норвешки: Ekströmisen, англиски: Ekström Ice Shelf) — леден гребен на Антарктикот помеѓу сртовите Серосен и Халвфариген на Брегот на Принцезата Марта во Земјата на Кралицата Мод.

За првпат е искартиран од Норвешко-британско-шведската антарктичка експедиција (1949–1952). Наречен по машинскиот инженер Бертил Екстрем кој се удавил кога неговиот гасеничар паднал во морето од Кваровиот Леден Гребен на 24 февруари 1951 г.[1]
Гребенот зафаќа површина од 8.700 км2. Работ има дебелина од 160 м и се издига 15 м над морското ниво. Североисточно на заливот Атка се наоѓа германската поларна станица „Нојмајер III“.
Поврзано уреди
Извори уреди
Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од Геолошкиот топографски институт на САД (USGS) — документ: „Екстремов Леден Гребен“ (содржини од Информативниот систем за географски имиња). (англиски)
Наводи уреди
- ↑ „Екстремов Леден Гребен“. Информативен систем за географски називи, Геолошки топографски институт на САД. Посетено на 27 февруари 2012. (англиски)