Економија (книга на Таки Фити)

Економија - книга на македонскиот економист Таки Фити, првобитно објавена во 2006 година. Книгата доживеала неколку изданија и се користи како универзитетски учебник на повеќе економски факултети во Македонија.

Прво издание уреди

Првото издание на книгата се појавило во 2006 година, објавено од Економскиот факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Рецензенти на книгата биле Методија Стојков и Димитрија Новачевски, ликовен уредник бил Кочо Фиданоски, а компјутерска подготовка ја направил Бане Галиќ. Книгата, со димензии од 26 сантиметри и со обем од 540 страници, била испечатена во печатницата „Македонска ризница“ од Куманово. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-113-72-6.[1]

Содржина уреди

  • Предговор
  • Прв дел: Вовед во економската наука
1. Економијата како наука
2. Базичните економски концепти
  • Втор дел: Основи на микроекономијата
3. Основните елементи на побарувачката и понудата
4. Теорија на изборот на потрошувачот
5. Основи на теоријата на производството – производната функција и одлуките на фирмата
6. Анализа на трошоците
7. Совршена конкуренција
8. Монополот и бариерите за влез
9. Олигопол
10. Пазарите на факторите на производството
11. Наемнините и пазарот на трудот
12. Државата и бизнисот
  • Трет дел: Основи на макроекономијата
13. Клучните макроекономски поими
14. Мерење на вкупната економска активност – бруто-домашен производ
15. Економскиот раст и продуктивноста
16. Економски циклус
17. Потрошувачка, штедење и инвестиции
18. Пари и банки
19. Невработеност и инфлација
20. Фискална политика
21. Монетарна политика
22. Меѓународна економија
23. Макроекономијата денес
  • Речник
  • Индекс

Второ издание уреди

Трето издание уреди

Третото издание на книгата се појавило во 2010 година.[2]

Четврто издание уреди

Во 2014 година се појавило четвртото издание на книгата, објавено од издавачката куќа „Култура“. Рецензенти на книгата биле Методија Стојков и Димитрија Новачевски, ликовен уредник бил Кочо Фиданоски, лектор Здравко Ќорвезироски, а компјутерска подготовка ја направил Бане Галиќ. Книгата е со димензии од 26 сантиметри и со обем од 580 страници. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-9989-32-775-9.[2]

И четвртото издание се состои од предговор, речник, индекс и 23 глави, групирани во три дела: Вовед во економската наука, Основи на микроекономијата и Основи на макроекономијата. Притоа, во однос на првото издание, содржината на првиот и вториот дел е непроменета; исто така, првите две глави од третиот дел (13. и 14. глава) се исти како во првото издание, 15. глава се вика Економскиот раст и продуктивноста, 16. глава е наречена Економски циклус, 17. глава се вика Потрошувачка, штедење и инвестиции, а потоа, распоредот на следните глави (од 18. до 23.) е ист како во првото издание.[2]

Наводи уреди

  1. Таки Фити, Економија. Скопје: Економски факултет - Скопје, 2006.
  2. 2,0 2,1 2,2 Таки Фити, Економија. Скопје: Култура, 2014.