Екатерина Чундева-Галиќ

македонска професорка

Екатерина Чундева-Галиќ (7 декември 1927 во Софија22 мај 2009 Скопје) — македонска позната професорка, еден од основачите на Електротехничкиот факултет во Скопје.

Екатерина Чундева-Галиќ
Родена 7 декември 1927
Софија,  Бугарија
Починала 22 мај 2009(2009-05-22) (возр. 81)
Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонка
Занимање професорка

Биографија уреди

Таа била редовен професор на Електротехничкиот факултет во Скопје. Дипломирала во 1951 година на Електротехничкиот факултет во Белград и веднаш се вработила во претпријатието „Хидроелектропроект“. Еден е од главните проектанти на хидроцентралите Вруток, разводната постројка 110 КВ Вруток, Хидроцентралите Равен и Шпиље. Во 1959 година се вработува на Електротехничкиот факултет во Скопје, каде во 1976 година е избрана за редовен професор.[1]

Наводи уреди

  1. „ЧУНДЕВА“. Македонска Енциклопедија. 2018-10-11. Посетено на 2020-10-05.