Еднодомен парламент
(Пренасочено од Еднодомен систем)
Еднодомен парламент е парламент кој е организиран околу едно легислативно тело (еден дом). Многу земји во светот со еднодомен парламент се помали и хомогени унитарни држави, поради што втор (горен) дом се смета за непотребен. Ваков пример е Република Македонија, чиј еден и едниствен законодавен дом е Собранието на РМ.
Во принцип, донесувањето на закони во еднодомниот парламент се одвива најмногу во две фази:
- усвојување на предлог-закон во парламентот
- одобрување на предлог-законот од претседател, монарх или нивни повереник, ако такво овластување е предвидено со устав, деловник или некој друг правен акт или вообичаено во праксата.