Отвори го главното мени

Едмунд Бурк (англиски: Edmund Burke; 12 јануари 17309 јули 1797) — ирски државник роден во Даблин, исто така и писател, оратор и политички филозоф, кој по преселувањето во градот Лондон (1750) служел и како пратеник во Парламентот на Англија во период од 1766 до 1794 во Долниот дом.

Едмунд Бурк
Burke.jpg
Едмунд Бурк
Лични податоци
Занимање писател, политичар, филозоф

Бурк бил многу влијателен во политичката сфера во Велика Вританија, тој ги застапувал ставовите на црквата и давал важност на религијата како дел од моралниот живот.[1] Овие негови гледишта се прикажани во неговата книга „A Vindication of Natural Society“. Бурк го критикувал Британскиот третман кон американските колонии, вклучувајќи ги и нивните даночни политики. Тој е познат како голем поддржувач на правата на колонистите кој сметал дека тие треба да се спротистават на градските власти. Иако тој е познат и како противник на постигнувањето на независност од страна на слободните фармери. Едмунд Бурк ќе биде запаметен по големата поддршка кој ја дал на Католичката еманципација, импичментот на Ворен Хастинг и по цврстото негово спротивставување кон успехот на Француската револуција.

Во книгата Reflections on the Revolution in France[2], Бурк вели дека француската револуција го уништува ткивото на доброто општество, традиционалните институции на државата, и го осудува прогонот на Католичката црква кој резултирал од револуцијата. Ова ќе го направи да стане клучна политичка фигура во кругот на конзервативците. Неговиот политички противник бил Чарл Џејмс Фокс[3].

Во деветнаесестиот век, Бурк ќе добие јавно признание за неговото значење во сферата на политиката од страна на конзервативците, но и од либералите. Потоа, во дваесестиот век тој ќе биде широко прифатен како основач на модерниот конзервативизам[4].

НаводиУреди

  1. Richard Bourke, Empire and Revolution: The Political Life of Edmund Burke (Princeton University Press, 2015), passim.
  2. https://en.wikipedia.org/wiki/Reflections_on_the_Revolution_in_France
  3. Burke lived before the terms "conservative" and "liberal" were used to describe political ideologies, cf. J. C. D. Clark, English Society, 1660–1832(Cambridge University Press, 2000), pp. 5, 301.
  4. Andrew Heywood, Political Ideologies: An Introduction. Third Edition(Palgrave Macmillan, 2003), p. 74.