Евто Спасовски
Евто Нисев Спасовски ( 1923 во Куманово — 1944 во Крушопек, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Евто Спасовски | ||
Роден | 1923 година Куманово, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | октомври, 1944 година Крушопек, Скопје, Македонија |
Животопис
уредиПроизлегува од занаетчиско сиромашно семејство. Уште во своето рано детство го почувствувал тешкиот живот и сиромаштијата на ситните и немоќни занаетчии. По завршувањето на основното училиште, го изучил ќурчискиот занает. Уште како млад се вклучил во редовите на напредната работничка младина. Цврсто бил уверен дека само преку бескомпромисна борба против експлоататорите, може да се дојде до рамноправност и слобода. Во деновите кога на Козјак партизаните воделе херојски борби против окупаторот, бил поврзан со Карпошовите борци. Во својата куќа ги засолнувал илегалците како и активните борци. Ги задржувал сè додека имало потреба од нивно престојување, а потоа ги поврзувал со партизанските единици. Неговата секојдневна илегална работа била откриена од страна на окупаторската бугарска фашистичка полиција и заедно со уште неколку соработници во мај 1944 година бил затворен. Окупаторската власт го осудила на доживотна робија. Казната започнал да ја издржува во затворот во Идризово. Во август 1944 година сите политички затвореници од овој затвор, биле ослободени од страна на Треттата македонска ударна бригада. По излегувањето од затворот станал борец на таа бригада. Како борец се истакнал со својата храброст и борбеност и за кратко време станал политички комесар на чета. Учествувал во бројни борби и акции на бригадата. Во борбата во близина на селото Крушопек - Скопско, храбро загинал кон крајот на октомври 1944 година.[1]