Евица Георгиевска

Евица Георгиевска - Кипра ( во Волково Хрватска — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

уреди

Таа била тутунска работничка.[2] Пред војната му припаѓала на напредното работничко движење, а во 1941 година била примена за член на КПЈ. Во октомври 1941 година била борец во Првиот кумановски партизански одред. Во судирот на Одредот со бугарската полиција и војска кај селото Белановце, била ранета и уапсена.[1][3][4][5] На 15 октомври 1941 година, затворените борци на Карадачкиот одред се изведени пред бугарскиот Воен суд во Куманово, кој ги осуди на смрт со бесење, а со право на жалба, Евица Георгиевска-Кипра, Благој Думановски-Пецкалија, Бојан Милковски, Коста Јовчевски и Славко Георгиевски, додека Перо Менков и Алириза Јусуфи, како малолетни, биле осудени на 15 години строг затвор. Со залагање на граѓаните на Куманово, на 30 јануари 1942 година, смртната казна на осудените на смрт им е заменета со доживотна робија.[6] Со капитулацијата на Бугарија и донела ослободување и можност да се вклучи во изградбата на социјалистичката татковина.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1026.
  2. Гласник (2017-10-11). „Гласник ви го честита 11-Октомври, денот на антифашистичката и антикапиталистичката борба“. Гласник. Посетено на 2025-03-08.
  3. „Први кумановски партизански одреди во 1941 година“. KumanovoNews. Посетено на 2025-03-08.
  4. Плусинфо, Плусинфо (14 октомври 2022). „ПРЕДАДЕНИ ОД ДОМАШНИ ПРЕДАВНИЦИ И УБИЕНИ ОД БУГАРСКИ ФАШИСТИ“.
  5. „ВЕТЕРАНИ ЧИСТЕА СПОМЕНИК ВО ЛИПКОВО НА ПРВИТЕ КУМАНОВСКИ ПАРТИЗАНИ УБИЕНИ ОД БУГАРСКИОТ ФАШИСТИЧКИ ОКУПАТОР“. Сакам Да Кажам. 2022-10-17. Посетено на 2025-03-08.
  6. Миодраг Арсовски — Болто, „Борбениот пат на Карадачкиот партизански одред“.