Евдокија Рачкевич

Евдокија Рачкевич (р. Андријчук; руски: Евдокия Рачкевич; 22 декември 19077 јануари 1975) била заменик-командант и комесар на 46. гардиски бомбашки воздухопловен полк (т.н. „Ноќни вештерки“) во текот на Втората светска војна, позната во СССР под името Голема Патриотска војна. По завршувањето на војната, Рачкевич го пронаоѓа патот на полкот низ војната и успева да ги лоцира остатоците на жените од полкот што се водат како исчезнати во акција, за истите да можат да добијат погреб со сите почести. Војниците кои се исчезнати во акција се сметале за потенцијални предавници сѐ додека не се пронајдат нивните остатоци, бидејќи тие можеле да бидат заробени, а советските воени заробеници се сметаат „виновни додека не се докаже спротивното“ за соработка со силите на Оската, особено по наредбата бр. 270, која забранува предавање или повлекување.[4]

Евдокија Јаковлевна Рачкевич
Евдокия Яковлевна Рачкевич
Починал7 јануари 1975(1975-01-07) (возр. 67)
Москва, СССР
ДржаваСССР СССР
Род Советски воздушни сили
Служба1941−1956
ЧинПотполковник
Единица46. Таманска гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк
Битки/војниИсточен фронт во Втората светска војна
ОдликувањаОрден на Црвеното Знаме[1]
Орден на Патриотската Војна Прва класа[2]
Орден на Црвената Ѕвезда (2)[3]

Ран живот и предвоена кариера

уреди

Рачкевич е родена на 22 декември 1907 во тогашното село Наднестријанскоје во Руската Империја, сега сместено во денешна Украина. Во 1919 дипломирала на парохија во нејзиното родно место. Во 1922 работи како чувар на граничната полиција Каменец Подолски, каде останува додека да стане член на Комунистичката партија во 1926, кога е преместена да работи како организатор на област во Каменец Подолски. Во 1928 дипломира на едногодишното правно училиште во Киев пред да работи како судија две години, по што почнува да работи како асистент на регионалниот обвинител во Житомир. Во 1931 се мажи за Павел Рачкевич, комесарот на 3-тиот Коњанишки полк на Првата Краснокаческа дивизија. Во 1932 се пријавува во Црвената Армија, каде е назначена да работи како политички инструктор во Краснозакачката дивизија. Во 1934 година се запишува на Ленинската воено-политичка академија; во 1937 станува првата жена што дипломира на Академијата, по што започнува да предава во Ленинградското училиште за воена комуникација.[5][6]

Втора светска војна

уреди

По германската инвазија на Советскиот Сојуз во 1941, Рачкевич е комесар на воена болница од 16 јули до 28 септември. По завршувањето на интензивен курс за навигатор во воздухопловното училиште Енгелс, Евдокија е распоредена на 1942 февруари како комесар на 588-от Ноќен бомбашки полк, кој ја добива ознаката Гарда во 1943 и е реорганизиран во 46-та Гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк од 325-та Ноќна бомвашка воздухопловна дивизија на 4-та Воздухопловна Армија на Вториот белоруски фронт. Подоцна станува заменик командант на политичкиот одред на Полкот. За време на војната повремено учествува во бомбашките напади, летајќи како навигатор во 36 мисии како додаток на опремување на По-2 за летови. По војната Евдокија е демобилизирана од војската со ранг на мајор додека не е отповикана во 1951.[4][7]

Подоцнежен живот

уреди

По враќањето во војската во 1951, Рачкевич служи како политички инструктор за единица на советски трупи во Источна Германија до нејзиното пензионирање во 1956 со ранг на потполковник. По пензионирањето од војската, живее во Москва, каде се вклучува во јавна работа; подоцна успева да ги лоцира остатоците на сите членови на 46-та Гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк кои се соборени во војната, обележувајќи ги местата на несреќите како меморијали. Умира на 7 јануари 1975 година и е закопана на Кованските гробишта.[6][7]

Наводи

уреди
  1. „Рачкевич Евдокия Яковлевна, Орден Красного Знамени“. pamyat-naroda.ru. Посетено на 2018-04-03.
  2. „Рачкевич Евдокия Яковлевна, Орден Отечественной войны I степени“. pamyat-naroda.ru. Посетено на 2018-04-03.
  3. „Рачкевич Евдокия Яковлевна, Орден Красной Звезды“. pamyat-naroda.ru. Посетено на 2018-04-03.
  4. 4,0 4,1 „Евдокия Никулина. Прославленная лётчица из "ночных ведьм". Военное обозрение (руски). Посетено на 2018-04-03.
  5. „Рачкевич Евдокия Яковлевна (1907-1975)“. letunij.narod.ru. Посетено на 2018-04-02.
  6. 6,0 6,1 „Женский журнал Суперстиль: Евдокия Рачкевич. "Мамочка" ночных ведьм“. old.superstyle.ru. Архивирано од изворникот на 2018-09-27. Посетено на 2018-04-02.
  7. 7,0 7,1 Голубева-Терес, Ольга (2017). Ночные рейды советских летчиц. Из летной книжки штурмана У-2. 1941–1945. ISBN 5457024539.