Ева Нединковска (родена на 26 август 1983 во Охрид) — македонска пејачка.

Ева Нединковска
Основни податоци
Родено имеЕва Нединковска
Познат(а) и какоЕва
Роден(а)26 август 1983(1983-08-26)(40 г.)
Охрид, СР Македонија, СФРЈ
Жанр(ови)Поп, R&B
Занимање/њаПејач, текстописец, танчерка
Години на активност2003-
Мрежно местоEvaNedinkovska.com

Животопис

Кариерата на Ева започна во 2003 година со песната Дали денот ќе е рај. Има настапувано на многу музички фестивали како што е "Охрид Фест" во својот роден град, Охрид. Скоро на секој фестивал таа има добиено награда за најдобра сценска изведба. Дечко и бил познатиот македонски музичар Гарабет Тавитјан. Песната "Енигма" е најголемиот хим на Ева. "Енигма" е модерна поп песна со елементи на аренби. Спотот бил рангиран како број 1 скоро на секоја музичка листа во Македонија.

Национален избор за песна на Евровизија 2006

На националниот избор за песна на Евровизија во 2006 година, Ева освои 631 глас сместувајќи ја на 11-тото место. Нејзината песна "Таан и мед" (напишана од Калиопи) беше во ориентален стил со интересна кореографија.

Дискографија

Албуми

  • Талисман

Синглови

  • Твоја фантазија
  • Иронија
  • Блеф
  • Слатка треска
  • За љубов створени
  • Таан и мед
  • Енигма

Спотови

Спот Година Режисер
Енигма 2006 Томато продукција
За љубов створени 2006 Томато продукција
Од утре или задутре 2007 Paramecoum production
Тивка ноќ 2008 Томато продукција
Никогаш 2010 Томато продукција

Извори

Надворешни врски