Ебергецен (германски: Ebergötzen) — општина во округот Гетинген, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Сместена е на 15 километри оддалеченост од градот Гетинген.

Ебергецен
Црква „Св. Кузман и Дамјан“ во Ебергецен
Црква „Св. Кузман и Дамјан“ во Ебергецен
Црква „Св. Кузман и Дамјан“ во Ебергецен
Грб на Ебергецен
Ебергецен во рамките на Германија
Ебергецен
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Гетинген
Општ. заед. Радолфсхаузен
Градоначалник Детлеф Јургелајт (ДХС)
Основни податоци
Површина 19,7 км2
Надм. височина 190 м
Население 1.927 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 98 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.
Пошт. бр. 37136
Повик. бр. 05507
Портал www.ebergoetzen.de
Местоположба на Ебергецен во рамките на округот Гетинген
Карта
Карта
Координати 51°34′22″N 10°06′28″E / 51.57278° СГШ; 10.10778° ИГД / 51.57278; 10.10778

Општината претставува административно седиште на општинската заедница Радолфсхаузен.

Ебергецен стекнал одредена слава бидејќи бил место каде Вилхелм Буш, создавач на приказните „Макс и Мориц“ поради кои многумина го сметаат за „татко на стрипот“, поминал голем дел од детството. Во местото, Буш живеел од 1841 до 1846 година, престојувајќи кај неговиот вујко Георг Клајне, свештеник во Ебергецен. Се спријателил со синот на воденичарот, нивен сосед, Ерих Бахман, поради што се шпекулира дека од таму потекнува приказната за двете момчиња во „Макс и Мориц“.

Во Ебергецен се наоѓа и Европскиот музеј за лебот.

Наводи уреди

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)

Надворешни врски уреди