Душкало (филм од 2007)

Душкало (англиски: Sleuth) — филм од 2007 година режиран од Кенет Брана, а заснован на истоимената наградувана драма на Ентони Шафер и адаптирана за филм од страна на нобеловецот Харолд Пинтер.

„„Душкало“
Sleuth
Филмски плакат на „Душкало“
РежисерКенет Брана
ПродуцентКенет Брана
Сајмон Халфон
Џуд Ло
Сајмон Мозли
Мерион Пиловски
Том Стернберг
Главни улогиМајкл Кејн
Џуд Ло
МузикаПатрик Дојл
КинематографијаХарис Замбарлукос
МонтажаНил Фарел
СтудиоCastle Rock Entertainment
ДистрибутерSony Pictures Classics
Премиера12 октомври 2007 (2007-10-12) (United States) (огр. изд.)
23 ноември 2007 (2007-11-23) (United Kingdom)
Времетраење88 minutes[1]
ЗемјаВелика Британија
САД
Јазиканглиски
Бруто заработка$4.872.444[2]

Продуцент на филмот е Џуд Ло, кој исто така се појавува како Мило Тиндл наспроти Мајкл Кејн кој ја игра улогата на Ендрју Вајк. Кејн играше како Тиндл, наспроти Лоренс Оливие како Вајк во оригиналната верзија на филмот од 1972 година.

Овој филм беше најавуван како соработка помеѓу Пинтер, Брана, Ло и Кејн, четирите големи имиња на британскиот театар и филм. Иако новата филмска адаптација е означена како „римејк“, ѕвездите на филмот и критичарите нагласуваат дека Пинтеровото видување на драмата речиси целосно се разликува од оригиналната драма и филм, кои Пинтер ги нема гледано пред да почне да го пишува сценариото.

Синопсис уреди

„Писател на детективски романи кој е милионер, се надмудрува со невработен глумец кој „ја украл“ жена му, во смртно сериозна игра со опасни последици.

Наводи уреди

  1. „Sleuth (2007)“. British Board of Film Classification. Посетено на 15 мај 2012.
  2. „Sleuth (2007)“. Box Office Mojo. Посетено на 15 мај 2012.