Душан Горенчевски

Душан Горенчевски бил македонски драмски автор и македонист.

Животопис уреди

Душан Горенчевски е роден во Неготино на 28 април 1933 година. Починал во Белград на 13 март 1997 година. Завршил Филолошки факултет и работел како лектор за македонски јазик во Сојузниот извршен совет во Белград. Член на ДПМ од 1980 година. Автор е телевизиската драма Белиот ѕид (1978) и на радио драмите Самоубијци (1968), Циничен круг (1969), Љубовта на зографот (1974), Дојди в Охрид (1976), Крадци (1979), Крадци и самоубијци (1979)[1],[2].

Наводи уреди