Другари

(Пренасочено од Другаришта)

„Другаришта“ (српски: Другарчине) – југословенски филм од 1979 година, во режија на Миќа Милошевиќ. Главните улоги ги толкуваат: Милан Гутовиќ, Беба Лончар, Душан Војновиќ, Павле Вуисиќ, Велимир Бата Живојиновиќ и Ратко Милетиќ..[1]

Синопсис уреди

Војната е штотуку завршена и една група млади партизани се враќа во својот роден град за да го продолжи прекинатото образование. Тие прават сè на „свој начин“ зашто се доволно млади за да одат на училиште и да прават разни незгоди, но и доволно зрели за да реагираат на лагите и неправдата. Бучни, секогаш подготвени на судири, тие стануваат проблем на училиштето, на младинската организација и на командата на градот... Меѓутоа, само што се привикнале на нормален живот, еден од нив во заседа го убиваат четниците. Другарите повторно ги облекуваат униформите, го земаат оружјето в раце и успеваат да го одмаздат својот другар. Тогаш, повторно се враќаат во училиштето, но овојпат решени и таму да го положат испитот на зрелоста.

Наводи уреди