Дроб-сарма
Дроб-сарма – вид јадење со ориз и јагнешки дропчиња.[1] Традиционално, најмногу се спрема за велигденските празници.
Дроб-сарма на ориз | |
Дел од оброкот | главен оброк |
---|---|
Место на потекло | Македонија |
Температура на послужување | топло |
Главни состојки | ориз, јагнешки дроб, зачини |
Рецепт
уредиСе варат 2-3 лажици ориз и се остава истиот да се излади. 2-3 главици кромид ситно се сечкаат и се пропржуваат заедно со 1 кг јагнешки дроб десетина минути. Се додава сол, црн пипер и магдонос. Се трга настрана да се излади и се меша со сварениот ориз и едно јајце. Со овој материјал се полнат јагнешките кошулки и се замотуваат во сарми. Сармите се редат во огноотпорна тава за печење која се полни со вода до половина од висината на сармите. Се пече на 200оС додека испари водата. Две јајца се мешаат со една чаша јогурт и со смесата се потураат сармите. Се пече уште десетина минути.[2]
Наводи
уреди- ↑ „дроб“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Рецепт за дроб-сарма[мртва врска] на семрежното место на Македонска трпеза