Драчко

(Пренасочено од Драчкуп)

Драчко или Драчкуп (грчки: Δάσκιο, Даскио; книжевно: Δάσκιον, Даскион, до 1926 година: Δράτσκο, Ντράτσκο, Драцко, Δράτσικο, Драцико, книжевно: Δράτσικον, Драцикон[2]) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.

Драчко
Δάσκιο
Драчко is located in Грција
Драчко
Драчко
Местоположба во областа
Драчко во рамките на Бер (општина)
Драчко
Местоположба на Драчко во општината Бер и областа Централна Македонија
Координати: 40°20′N 22°10′E / 40.333° СГШ; 22.167° ИГД / 40.333; 22.167
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаБер
Општ. единицаМакедонида
Надм. вис.&10000000000000640000000640 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно286
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото е оддалечено околу 25 километри јужно од градот Бер, во близина на реката Бистрица, на нејзината десна страна, на надморска височина од 640 метри.[3] Површината на селскиот атар изнесува 27 квадратни километри.

Селото е сместено на западните падини на планината Шапка.

Историја

уреди

Ова село, како и многу други кои носат словенски имиња, уште поодамна било погрчено и населено со грчко население.[3]

Селото било преименувано во текот на 1926 година кога му било доделено името Даскио (Δάσκιο).

Стопанство

уреди

Земјата претставува приватна сопственост на селаните уште од постаро време, а од обработливата површина 2.000 декари се наводнуваат. Основни производи во селото се житото, пченката и тутунот, а делумно е развиено и сточарството. Селото се смета за сиромашно, поради што постои традиција за одење на печалба, особено во САД.[3]

Покрај земјоделството и сточарството, населението поради планинскиот карактер на селото, се занимава и со шумарство.

Население

уреди

Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Драчкуп (Дирачко) живееле 330 Грци христијани.[3][4] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Драчкуп (Dratchkoup) имало 330 жители.[5]

Во 1910 година во Драцико (Δράτσικο) имало 550 жители.[6] Спирос Лукатос посочува „грчки јазик на жителите“.[7]

На пописот во 1912 година селото е забележано со грчки јазик и христијанска религија.[8]

Во пописот од 1913 година селото било забележано со 555, во 1920 година со 461, во 1928 година со 524, во 1940 година со 605, во 1951 година со 572, во 1961 година со 695, додека во 1971 година со 572, во 1981 година со 394, а во 1991 година со 410 жители.

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 346 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 286 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 605 572 695 572 394 410 346 286
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Селото припаѓа на општинската единица Македонида со седиште во селото Боштани, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Драчко, во кој Драчко е единственото село.

Иселеништво

уреди

Во селото постои традиција на иселување и одење на печалба. Голем број од иселените се упатиле кон САД. Исто така, непосредно пред Втората светска војна неколку семејства се иселиле во селото Ени Ќој, Негушко, каде што добиле земја.

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δράτσικον -- Δάσκιον
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 10.
  4. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 144.
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 222-223.
  6. Αθανάσιος Χαλκιόπουλος, Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927
  7. Σπύρος Λουκάτος, Πολιτειογραφία της νομαρχιακής περιφέρειας της Θεσσαλονίκης, Μέρος Α’ Υποδιοικήσεις Βερροίας - Θεσσαλονίκης – Κατερίνης, Αθήνα 1987. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927
  8. „Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927“. Архивирано од изворникот 2012-12-05. Посетено на 2012-12-05.