Драго Ѓуровиќ (Битола, 29 март 1923Титоград, 30 март 1986)[1] — југословенски и црногорски скулптор, сликар и сликарски педагог.

Драго Ѓуровиќ
Роден 29 март 1923
Битола
Починал 30 март 1986
Подгорица
Националност Црногорец

Животопис уреди

Роден е во 1923 година во Битола. Драго бил од местото Грлиќ кај Даниловград. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1951 година. За време на студиските патувања престојувал во Италија и Франција . За прв пат изложува во Цетиње во 1950 година. Излагал со групата „Тројица“.

Учествувал на изложбите на современата југословенска уметност во земјата и странство, на изложбите на Друштвото на ликовни уметници на Црна Гора, на Сојузот на ликовни уметници на Југославија, на изложбата на современи европски уметници во Њујорк во 1962 година, на Второто триенале за ликовна уметност во Белград во 1964 година и така натаму.

Починал во 1986 година во Титоград.

Творештво уреди

Некои од неговите споменици на јавен простор се:

  • Споменик на партизан-борец, Подгорица 1957 година (во соработка со архитект Воислав Ѓокиќ )
  • Споменик на паднатите борци, Даниловград 1959 година (во соработка со архитект Мирко Ѓукиќ )
  • Споменик на стреланите младинци од Даниловград-Лазине во 1959 година.
  • Споменик на паднатите борци на НОБ, Плевља 1960 г. (во соработка со архитект Мирко Ѓукиќ)
  • Торсо, Аранѓеловац 1977 г.
  • Биста на Баја Секулиќ во Даниловград
  • Споменик во Вуксанлекиќи-Подгорица
  • Мермерна скулптура (фриз) на јужниот ѕид на главната пошта во Подгорица.

Наводи уреди

  1. „Naslovi.net“. Архивирано од изворникот на 04. 03. 2016. Посетено на 30. 08. 2012. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)