Драгослав Степановиќ

Драгослав Степановиќ (роден на 30 август 1948 година) бил поранешен српски фудбалер и тренер.

Драгослав Степановиќ во Франкфурт во 2005 година

Клупска кариера уреди

Степановиќ својата успешна кариера, но и своето име го раширил во екипата на ОФК Белград каде настапувал како десен бек. Во тој тим бил цели 11 години и тоа помеѓу 1962 и 1973 година. Подоцна тој се преселил во составот на Црвена ѕвезда од Белград. Во новиот тим се задржал три сезони, сѐ до 1976 година. Поради ограничувањата за остварување на трансфер надвор од СФР Југославија, тој морал да почека до својата 28 година за да се пресели во странство.

Првата станица на Степановиќ во странство била Бундеслигата и тоа во екипата на Ајнтрахт од Франкфурт, каде што станал познат и популарен како Степи. За екипата на Ајнтрахт од Франкфурт настапувал две сезони (1976–1978). Следувал престој од една сезона во составот на Ворматија Вормс.

Во месец јули 1979 година тој се приклучил на англискиот клуб ФК Манчестер Сити за износ од 140.000 фунти. Во тој тим минал две сезони.

Тој ја завршил својата кариера во сезоната 1981/82 назад во Германија, поточно во составот на Ворматија Вормс.

Репрезентација уреди

Драгослав Степановиќ бил поранешен југословенски репрезентативец. Тој му бил миленик на селекторот на репрезентацијата Вујадин Бошков.

Меѓунарони (репрезентативни) голови уреди

Список на оценки и резултати. Најпрво колоната за резултати е бројот на голови на репрезентацијта на Југославија, наредната колона за резултати го покажува остварувањето по секој гол на Драгослав Степановиќ.
Список на меѓународни (репрезентативни) голови и голови постигнати од Драгослав Степановиќ
бр. Дата Место на одржување Противник Резултат Резултат Тип на натпревар
1 14 јуни 1972 година Стадион Белфорт Дуарте, Куритиба, Бразил   Венецуела 7:0 10:0 Пријателски

Тренерска кариера уреди

Драгослав Степановиќ бил успешен фудбалски тренер во Германија. Тој создал тренерско име во Германија со составот на Ајнтрахт од Франкфурт. Подоцна тој го преземал составот на Баер Леверкузен, заменувајќи го тренерот Рајнхард Сафиг, непосредно пред да го освојат финалето на ДФБ-Покал во 1993 година (купот на Германија).[1] Подоцна, во јули 1995 година Степановиќ потпишал да биде тренер на екипата на Атлетик од Билбао. Тој не издржал до крајот на сезоната, па бил заменет во средината на месец март 1996 година.

Степановиќ бил издигнат на ниво на идол во САД. Пристигнал во Колумбус, Охајо, во 2002 година како тренер на младинскиот фудбалски клуб ФК Бласт. По претстојот во САД, тој се вратил во Германија, каде што накратко бил тренер во тимот на ТуС Кобленц.

Во месец декември 2006 година, Драгослав Степановиќ бил кандидат во потесниот круг за селекторско место на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, но сепак селекторското место му припаднало на тренерот Фуад Мужуровиќ.

На 24 август 2007 година, Степановиќ бил именуван за главен тренер на српскиот суперлигаш ФК Чукарички. Неговото назначување дошло на само две седмици од почетокот на сезоната 2007-2008 во текот на која Чукарички веќе одиграл со српските великани Црвена ѕвезда од Белград и Партизан. Во тие два натпревари екипата на Чукарички забележала една победа и еден нерешен резултат.[2] На 8 декември 2008 година, тој бил отпуштен од клубот на Чукарички.

Во текот на летото 2009 година надвор од сезоната на 8 јуни 2009 година, тој бил именуван за главен тренер на екипата на ФК Војводина, и тоа за претстојната сезона 2009-10,[3] но бил ослободен од обврските на 2 октомври истата година.

Наводи уреди

  1. „1992/1993“. bayer04.de. Посетено на 2 December 2019.
  2. „Dragoslav Stepanović novi trener Čukaričkog | Mondo“. Mtsmondo.com. 10 June 2010. Архивирано од изворникот на 27 September 2007.
  3. „Stepi za MONDO: Da, ja sam trener Vojvodine, MTS Mondo, June 6, 2009“. Mtsmondo.com. 10 June 2010. Архивирано од изворникот на 7 June 2009.

Надворешни врски уреди