Драги Миладинов (роден на 1 март 1928 година во Скопје) — македонски градежен инженер и универзитетски професор.[1]

Драги Миладинов
Роден 1 март 1928
Скопје, Кралство Југославија
Националност Македонец
Занимање професор

Животопис уреди

Драги Миладинов е роден на 1 март 1928 година во Скопје. Работел на Градежниот факултет во Скопје до своето пензионирање во 1989 година по предмети од областа на дрвените и масивните конструкции. Како стипендист на Фордовата фондација специјализирал во САД (1964/65), а се усовршувал на студиски престои и во Холандија (1969) и Шведска (1979). Учествувал во реализацијата на повеќе објекти и бил многу активен на општествен план. Ги вршел функциите декан на Градежниот факултет (1975–77), проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и претседател на Универзитетскиот совет.

Наводи уреди

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Миладинов“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 949. Text "series " ignored (help)