Драга Вражалска
Драга Станчова Вражалска (7 март 1915 во Кочани — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]
Животопис
уредиКон крајот на 1942 година заедно со својот сопруг, активен политички работник, по налог на Партијата се преселила во Скопје. Организацијата им доделила конспиративен стан и ги ангажирала за вршење на илегална работа. Чувала илегалци, вршела курирска работа. На 24 февруари 1944 година стапила во Кумановскиот партизански одред, а потоа била испратена на работа во болницата при Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Кон средината на 1944 година била вратена на заднинска работа во Кочани. Окупаторот веднаш ја открил и ја уапсил. Поради немање докази била пуштена на слобода. Потоа се префрлила да живее илегално во Скопје. Во септември 1944 година, повторно оди на работа во заднината во Кочани ѝ работела на организирање на одбори на АФЖ.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уредиОваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |