Доцна пролет (филм)

„Доцна пролет“ (јапонски: 晩春) — јапонски филм од 1949 година, во режија на Јасуџиро Озу кој е автор и на сценариото, заедно со Кого Нода, засновано врз краткиот расказ „Татко и ќерка“ на Казуо Хироцу. Главните улоги ги играат: Чишу Риу, Сецуко Хара, Јумеџи Цукиока, Харуко Сугимура, Хохи Аоки, Кунико Мијаке и Масао Мишима.[1]

Синопсис уреди

Професорот Сомија (го игра Рју) е вдовец кој живее со ќерката Норико (ја игра Хара), која е немажена иако има веќе 27 години. Еден ден, додека шета низ Токио, Норико го среќава професорот Онодера (го игра Мишима) и дознава дека тој се оженил по вторпат при што таа го осудува тој чин како „нечист“. Сестрата на професорот (ја игра Сугимура) се обидува да ја наговори Норико да најде соодветен маж, но таа одбива зашто не сака да го остави својот татко сам. За да ја натера да се омажи, професорот Сомија ѝ кажува на ќерката дека одлучил да се ожени. Подоцна, професорот Сомија и Норико го посетуваат Кјото, заедно со брачниот пар Онодера и во таа прилика, отакао ја запознава неговата сопруга, Норико го менува својот став за бракот на професорот Онодера. Набргу, Норико се согласува да се омажи и по свадбата, таа и сопругот заминуваат на свадбено патување. Професорот Сомија оди во еден бар, заедно со пријателката на Норико, Аја (ја игра Цукиока), која ветува дека почесто ќе го посетува.

Наводи уреди