Живина — класа на домашни птици кои се исползуваат како храна или за нивните јајца. Овие се членови на редот кокошолики (како кокошките и мисирките) и гусколиките (водни птици како патките и гуските).

Патки меѓу друга живина

Видови на живина

уреди
Птица Исхрана Див предок Припитомување Употреба
кокошка семиња, инсекти, растенија дива кокошка Кина, ц. 3000 п.н.е. месо, јајца
патка семиња, инсекти, растенија разни разни месо, пердуви, јајца
гуска семиња, инсекти, растенија разни разни месо, пердуви, јајца
ној инсекти, растенија, семиња див ној Африка месо, пердуви, работна сила
мисирка семиња, инсекти, растенија дива мисирка Мексико месо

Исечоци од живината

уреди
 
Разни исечоци од кокошка

Најмеснатите делови на птицата се мускулите за летање на градите, исто така наречени гради, и мускулите за одење од првите два дела од нозете, наречени добатак и батак.

Кај кокошките, мускулите за летање, кои не се приспособени на постојана употреба, содржат помалку кислородоносен миоглобин отколку ножните мускули, и затоа се посветли по боја. Имено ова е разликата помеѓу „бело месо“ и „темно месо“. Водните птици се прилагодени за постојан лет, и затоа нивното градно месо е темно.

Живината во Македонија

уреди

Живинарството е значајна сточарска гранка во Македонија. Во 2019 г. во земјата имало вкупно 1.562.089 единки. Целосниот преглед на бројната состојба на живината во Македонија во периодот од 2000 до 2019 г. е следниов:[1]

Бројност на живината во Македонија од 2000 до 2019 г.
Година 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009
Единки 3.713.369 2.749.637 2.900.966 2.417.362 2.725.298 2.617.012 2.585.327 2.263.894 2.226.055 2.117.889
Година 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Единки 1.994.852 1.944.260 1.776.297 2.201.550 1.939.879 1.761.145 1.865.769 1.840.173 1.828.287 1.562.089

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Вкупен број на живина во Република Македонија, по години“. Завод за статистика на РМ. Архивирано од изворникот на 24 јануари 2021. Посетено на 12.12.2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)