Долно Родиво

(Пренасочено од Долно Родиово)

Долно Родиво (грчки: Κάτω Κορυφή, Като Корифи: до 1925 г. Κάτω Ράδοβος, Като Радовос[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 62 жители (2011), сочинето исклучиво од Македонци.[3]

Долно Родиво
Κάτω Κορυφή
Долно Родиво is located in Грција
Долно Родиво
Долно Родиво
Местоположба во областа
Долно Родиво во рамките на Меглен
Долно Родиво
Местоположба на Долно Родиво во општината Меглен и областа Централна Македонија
Координати: 40°55.0′N 21°55.38′E / 40.9167° СГШ; 21.92300° ИГД / 40.9167; 21.92300Координати: 40°55.0′N 21°55.38′E / 40.9167° СГШ; 21.92300° ИГД / 40.9167; 21.92300
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаМеглен
Општ. единицаС’ботско
Надм. вис.&10000000000000840000000840 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно62
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија уреди

Селото е сместено во западниот дел на областа Меглен, 16 км југозападно од С’ботско, во источното подножје на планината Мала Ниџе (Кајмакчалан). Горното маало, наречено Горно Родиво (Ано Корифи, Άνω Κορυφή) денес е напуштено.

Историја уреди

Во Отоманското Царство уреди

Во османлиските дефтери на Воденскиот вилает за 1619-20 г. селото се води како Родилова-и зир со 37 даночни домаќинства.[4]

Во 1885 г. во Долно Родиво проработела бугарската пропаганда со отворањето на бугарско училиште.[5]

Меѓу 1896 и 1900 г. селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија[6]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Долно Родиво живееле 250 Македонци христијани.[7][8]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Долно Радово (Dolno Radovo) имало 504 Македонци под егзархијата и работело бугарско училиште.[7][9] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 45 македонски куќи.[3]

Во Грција уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 491 жител, кои во 1920 г. биле на 435.[3] Во 1922 г. селото е преименуваново Като Корифи, што значи „горен врв“.[10]

Во 1940 г. селото пораснало на 599 жители. Меѓутоа, тоа многу настрадало во Граѓанската војна кога поголем дел од жителите морале да се иселат во Р. Македонија, а останатите биле преселени од власта во Бизово. По војната, овие малобројни жители се вратиле во селото, па во 1951 г. Долно Родиво е попишано со само 65 лица.[3] Во текот на 1950-тите населението се удвоило, броејќи 121 жител во 1961 г. Оваа бројност се одржала устојчиво[3] сè до почетокот на XXI век, кога почнало да опаѓа, за да се сведе на 62 лица во 2011 г.

Според истражување од 1993 г. селото е чисто „словенојазично“ (т.е македонско) и во него македонският јазик е зачуван на високо ниво.[11]

Личности уреди

  • Ѓорѓи Симеонов — деец на ВМРО, војвода на чета во Воденско за време на Илинденското востание, роден во Долно или Горно Родиво[12]
  • Ристо Јачев (1942 - 2019) — поет, романописец, театарски критичар и преведувач

Население уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 599 65 121 128 126 114 96 62
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство уреди

Иако ова е планинско село, има поволна клима која овозможува одгледување на многу квалитетни цреши и ореви. Развиено е и сточарството, што се должи на пространите пасишта околу селото.[3]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κάτω Ράδοβος -- Κάτω Κορυφή
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 87–88.
  4. Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 269.
  5. Илюстрация Илинден, година 9, книга 9 (89), ноември 1937, стр. 2.
  6. Илюстрация Илинден, 1936, бр.79, стр. 1
  7. 7,0 7,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  8. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 150.
  9. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190-191.
  10. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Άνω Ράδοβος -- Άνω Κορυφή
  11. Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"
  12. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 150.