Пожарско

(Пренасочено од Долно Пожар)

Пожарско (грчки: Λουτράκι, Лутраки, до 1922 година Ποζάρ, Позар)[2][3]село во Мегленско, Егејска Македонија (денес Грција).

Пожарско
Λουτράκι
Поглед на селото
Поглед на селото
Пожарско is located in Грција
Пожарско
Пожарско
Местоположба во областа
Пожарско во рамките на Меглен
Пожарско
Местоположба на Пожарско во Постолскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°58′N 21°56′E / 40.967° СГШ; 21.933° ИГД / 40.967; 21.933
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаМеглен
Општ. единицаС’ботско
Надм. вис.&10000000000000300000000300 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно1.176
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Пожарско се наоѓа во северозападниот дел од котлината Меглен, во јужното подножје на планината Ниџе, на 13 км од градот С’ботско, 33 км од Воден и 120 км од Битола. Селото се состои од две маала: Горно и Долно Пожарско.

Историја уреди

Пожарско за време на Граѓанската војна (1946-1949) уреди

За време на граѓанската војна во Грција голем број на жители од Пожарско се вклучиле во редовите на ДАГ.

Нападот на селото Пожарско се случил на 25 септември 1946 година, кога водачот на грчката воена единица, Кирјакос, навлегол со своите војници од правецот на селото Тресино.[4] До смрт биле претепани 14 селани.[4]

Во 1947 година, владините трупи во офанзифа против единиците на ДАГ запалиле повеќе куќи во Пожарско, а на 6 март 1947 година во целост било изгорено селото Горно Пожарско.[4]

Во 1948 година, кога селото се наоѓало под контрола на ДАГ било отворено училиште на македонски јазик.[4] На 24 август 1948 година во Пожарско се судриле неколку единици на ДАГ со грчката војска. Поради жестоките судири, 30 семејства побегнале кон градот С’ботско.[4] На 6 февруари 1948 врз Пожарско биле истрелани 6 артилериски гранати, при што една жена била смртно погодена, а на 9 март истата година од гранати била погодена и уништена селската црква.[4]

По завршувањето на војната, голем број Македонци од Пожарско под притисок ги напуштиле своите домови и најпрво се населиле во Војводина, за потоа да создадат свои живеалишта во Штип и Штипско, Велес и Велешко, Прилеп и Прилепско, Скопје и Скопско и други места.[4]

Стопанство уреди

Демографија уреди

Во 2011 година во Пожарско живееле 1.146 жители. Најголем дел од жителите се Македонци, а според едно истражување од 1993 година македонскиот јазик бил зачуван на високо ниво.[5]

Општествени установи уреди

Културни и природни знаменитости уреди

 
Црквата „Св. Јован Претеча“
Цркви

Редовни настани уреди

Личности уреди

Култура и спорт уреди

Иселеништво уреди

Горно Пожарско е целосно опустошено и запалено во 1948 година. Населението е принудено да се исели и се раселува по светот. Најголемиот дел во тој период заминува во с. Гаково — Сомбор, Војводина. А потоа се снаоѓаат насекаде по светот. Денес ги има во Штип, Битола, Скопје, Прилеп и на други места како во Македонија, така и низ светот.

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Άνω Πόζαρ -- Άνω Λουτράκιον
  3. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κάτω Πόζαρ -- Κάτω Λουτράκιον
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 Жежов, Никола (2011). „Селото Пожарско во Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година“. Годишен зборник, книга 64. Филозофски факултет - Скопје. стр. 209–223.
  5. Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  7. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  8. 8,0 8,1 8,2 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  9. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.

Надворешни врски уреди