Отвори го главното мени
Долни Порој
Поглед кон Долни Порој и Круша Планина
Поглед кон Долни Порој и Круша Планина
Долни Порој is located in Грција
Долни Порој
Долни Порој (Грешка во скриптата: Нема модул наречен „Location map/old“.)


Долни Порој (на грчки Κάτω Πορόια, Като Пороја) е село во околината на градот Валовишта, Серско, Егејска Македонија, Република Грција.Долно Порој како и Горно Порој не било преименувано бидејќи во комисијата за преименување имало човек кој што бил од ова село и тврдел дека името на селото е од грчко потекло.Се разбира дека таквото тврдење е лишено од секаква основа, бидејќи именката е чисто словенска.

Географиja и местоположбаУреди

Сместено е на јужното подножје на планината Беласица, околу 3 километри западно од Горно Порој на надморска височина од 200 метри.

ИсториjaУреди

Селото во минатото било мешана населба во која според К`нчов живееле 750 Македонци и 1.600 Турци, во 1913 година е евидентирано со 1.279, а во 1920 година со 1.057 жители.Селото настрадало како во Балканските така и во Првата светска војна.Поголем број на македонски семејства и поединци за време на Втората балканска војна и непосредно по Првата светска војна пребегнале во Бугарија.Во 1924 година сите преостанати Турци, како и 56 Македонци се иселени во Турција, по сила на Лозанската конвенција.На местото од иселените Турци и пребегнатите Македонци грчките власти сместиле 200 бегалски семејства со вкупно 773 жители.Така селото повторно станала мешана населба која со 1928 година е евидентирано со 986 жители, во 1940 година има 1.265, а во 1941 година според бугарската статистика има 1.074 жители.Во 1951 се попишани 1.006, во 1961 година 864 ,во 1971 година 778, во 1981 година 689, во 1991 година 787,а во 2001 година има 627 жители.Намалувањето на бројот на жители се должи на големата миграција во градските центри.

ЕкономијаУреди

Иако е ридско-планинско, селото е мошне богато , со развиено земјоделство и сточарство, за кои постојат погодни услови поради пространите пасишта во подножјето на Беласица.

ДемографијаУреди

Селото до 1924 година е мешано со Македонци и Турци, по иселувањето на на Турците и дел од Македонците селото е мешано со повеќе Грци и помалку Македонци.

Година 1900 1913 1920 1928 1940 1941 1951 1961 1971 1981 1991 2001
Население 2.350 1.279 1.057 986 1.265 1.074 1.006 864 778 689 787 627

Општествени институцииУреди

Во селото е сместено пошта кој го опслужува месното и околното население, поштински суд, како и полициската поткоманда со неколку истурени полициски станици во околните села.

Културни и природни знаменитостиУреди

Редовни настаниУреди

ЛичностиУреди

Култура и спортУреди

ИселеништвоУреди

Надворешни врскиУреди