Дилхан Ерјурт (турски: Dilhan Eryurt, 29 ноември 1926 година, Измир, 13 септември 2012 година, Анкара), била турска астрофизичарка.

Дилхан Ерјурт
Dilhan Eryurt
Податотека:Dilhan Eryurt.jpg
Роден(а)29 ноември 1926(1926-11-29)
Измир
Починал(а)13 септември 2012(2012-09-13) (возр. 85)
Анкара
НационалностТурска
УстановиУниверзитет во Индијана,
Фете Линк Опсерваторија
Центар за вселенски летови Годард,
Блискоисточен технички универзитет
ОбразованиеИстанбулски универзитет,
Универзитет на Мичиген,
Универзитет на Анкара
Познат поАстрофизика

Како научник таа го дала својот придонес во истражувањето и развојот на астрономијата и во периодот од 1961-1973 била првиот турски научник на Блискоисточниот технички универзитет. Стекнала позиција во НАСА и го формирала астрофизичкиот оддел на Блискоисточниот технички универзитет (МЕТУ) каде ја извршувала функцијата декан во периодот од 1988 до 1993 година.

Животопис уреди

Ерјурт се родила на 29 ноември 1926 година, во Измир.[1] Нејзин татко бил Абидин Еге, пратеник во Големото народно собрание на Турција за покраината Денизли во 1944 година.

Набргу по пристигнувањето на нејзиниот татко во Измир, нејзиното семејство се преселило во Истанбул, а неколку години подоцна, во Анкара. По завршувањето на нејзиното основно образование во Анкара, таа продолжила да учи во Женската гимназија во Анкара. Во гимназијата развила посебен интерес за математиката. Поради оваа причина, по завршувањето на средното училиште, се запишала на Истанбулскиот универзитет, на Одделот за математика и астрономија. За време на нејзините универзитетски студии, развила интерес за астрономија.

По дипломирањето на  Истанбулскиот универзитет, во 1946 година, работела како почесен асистент две години во Тевфик Октај Кабакчиоглу, каде требало да се отвори оддел за астрономија на Универзитетот во Анкара. Таа за некое време ги продолжила своите постдипломски студии на Универзитетот во Мичиген и во 1953 година завршила докторат на Одделот за астрофизика на Универзитетот во Анкара, а потоа била избрана за доцент.

Во 1959 година, заминала во Канада на двегодишен студиски престој со стипендија на Меѓународната агенција за атомска енергија а потоа заминала во САД каде на Универзитетот во Индијана работела на.идентификација на ѕвездени модели во Гете Линк Опсерваторијата. Таа работела заедно со Маршал Врубељ. По ова искуство, работела во Центарот за вселенски летови Годард на НАСА.  Заедно со Аластер Камерон работеле на истражување на сончевата историја. Во текот на овој период, таа била единствениот женски астроном кој работел во таа установа.

Дилхан Ерјурт во Институтот Годард открила некои факти за Сонцето кои дотогаш не биле откриени. Со фактот дека светлината на Сонцето не се зголемила од неговото формирање било откриено дека тоа било многу посветло и потопло во минатото. Студиите во тоа време биле значајни заради влијанието на текот на новите вселенски летови. Поради заложбите и заради нејзината успешна работа на првото слетување на Месечината таа ја добила наградата Аполон во 1969 година. По завршувањето на двегодишното истражување на Институтот Годард, Ерјурт продолжила да работи на институтот како постар истражувач. Институтот ја испратил на Универзитетот во Калифорнија заради проучување на формирањето и развојот на ѕвездите.

Во 1968 година, се вратила во Турција и го организирала првиот Национален астрономски конгрес со поддршка на Советот за научно-технолошко истражување на Турција.

Помеѓу 1969 и 1973 година, таа го продолжила своето научно истражување во НАСА. Во 1973 година се вратила на ОДТУ на Одделот за физика и го основала одделот за астрофизика. Во 1977 година, била наградена со научната награда Тубитак.[2][3] Во 1988 година, шест месеци претседавала со одделот за физика а потоа станала декан на Факултетот за наука и книжевност на која функција останала пет години. Во 1993 година, се пензионирала.

Починала во Анкара од срцев удар на 13 септември 2012.[4]

Наводи уреди

  1. „Alp Akoğlu, Astorfizikte Öncü Bir Türk Kadını Dilhan Eryurt, Bilim ve Teknik Dergisi, Sayı 360, Kasım 1997 (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-06-28. Посетено на 2018-03-25.
  2. „İrfan Unutmaz, Güneşin Evriminde Bir Tür Kadını: Prof. Dr. Dilhan Eryurt, Focus Dergisi. Архивирано од изворникот на 2018-10-01. Посетено на 2018-03-25.
  3. Prof. Dr. İlhan Eryurt, Türkiye Bilimler Akademisi Web sitesi, erişim tarihi: 28.12.2012. Архивирано од изворникот на 2018-03-03. Посетено на 2018-03-25.
  4. Gül Krieklo, NASA’daki İlk Türk Bilim Kadını Sessizce Veda Etti, Sabah Gazetesi, 19.11.2012