Доц. д-р Дејан Mираковски е декан[1] на Машинскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Своето факултетско образование го завршува на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, на Рударско-геолошкиот факултет, отсек Рударство. Дипломира во 1997 година, а во 1999 година ги запишува магистерските студии на истиот факултет, каде што се стекнува со звање магистер од областа рударство, заштита на работната и животната средина. Од истата оваа област, во 2008 година се стекнува со звање доктор на технички науки, а своите докторски студии ги завршува на Факултетот за рударство, геологија и политехника на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Во своето работно искуство во периодот од 1997 до 2003 година работи најпрво како помлад асистент, а потоа како асистент на Рударско-геолошкиот факултет во Штип. Во 2007 година започнува да работи како асистент на Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде што во 2008 година е избран во доцент[2] како и раководител на Центарот за обезбедување на квалитет[3] при УГД. Во 2009 година е избран за продекан на Факултетот за природни и технички науки, а во 2011 година за декан на Машинскиот факултет.

Доц. д-р Мираковски е учесник во над 40 (четиресет) апликативни и научноистражувачки проекти, како проект-менаџер, проектант, проектен инженер или соработник. Тој е активен експерт при UNDP во рамките Western Balkans Environment Program, како и национален експерт во изработката на кадастарот на емисии на загадувачки супстанци во воздухот, изработен под контрола на Европската агенција за животна средина - Топик центарот за воздух (European Environmental Agency EEA-ATC). Доц. д-р Мираковски е и национален експерт во утврдување на методологија за формирање кадастар на емисии во РМ според CORINAIR. Освен тоа, член е и на Комисијата за полагање на стручен испит - добивање на лиценци и овластување на физички и правни лица за изработка на проекти во рударството, назначен од министерот за економија при Владата на Р. Македонија од септември 2011 год[4].

Член е на повеќе национални и интернационални здруженија меѓу кои Здружението на рударски и геолошки инженери на РМ, Македонското здружение за заштита при работа, JICA Alumni асоцијацијата, SOCIETY OF MINING AND METALURGICAL ENGINEERS – COLORADO USA како и SOCIETY OF MINE VENTILATION ENGONEERS – SAR.

Наводи уреди

  1. „Официјално мрежно место на Машински факултет - „За факултетот". Архивирано од изворникот на 2013-12-23. Посетено на 2013-05-15.
  2. „Официјално мрежно место на Машински факултет - „Наставници". Архивирано од изворникот на 2013-12-25. Посетено на 2013-05-15.
  3. „Официјално мрежно место на Центар за обезбедување на квалитет“. Архивирано од изворникот на 2014-08-13. Посетено на 2013-05-15.
  4. Објавени научни и стручни трудови, конференции и проекти

Надворешни врски уреди