Детски ликовен центар - Скопје
Детскиот ликовен центар - Скопје - Градско здружение на ликовните педагози ― стручна установа и културно образовно здружение со седиште во Општина Карпош.[2]
Логото на Детски ликовен центар | |
Кратенка | ДЛЦ-ГЗЛП |
---|---|
Основана | 6 март 1969 |
Претседател | Владимир Лазоски[1] |
Координатор | Илија Богоевски |
Стручен секретар | Харалампие Манчев |
Историја
уредиДетскиот ликовен центар бил основан на 6 март 1969 година, од страна на Собранието на градот Скопје.[2]
До 1996 година, називот бил „Центар за ликовно творештво на младите - детска галерија“ - Градско здружение на ликовните педагози - Скопје. Тој период, со Статутот бил преименуван во називот Детски ликовен центар - Градско здружение на ликовните педагози - Скопје.
Цели
уредиДа придонесува за чување и негување на културното наследство и современите придобивки на македонскиот народ и малцинските народности во градот Скопје. Да ги популаризира резултатите и достигнувањата во областа на уметноста, науката и техниката од ликовната педагогија и да ја унапреудва соработката на ликовните педагози со другите културно воспитни и образовни установи и организации, да развива љубов и заштитнички однос меѓу младите кон природата, да се грижи за организирање и развој на културните дејности на територијата на скопските општини и општо градот Скопје за ликовно творештво, да проучува и пропагира современи методи во постапката на ликовното воспитание на младите во наставата и вон наставните активности, да распишува конкурси на разни теми, од областа на ликовно визуелната култура, да ја поттикнува научно истражувачката работа од областа на ликовно визуелната естетска култура и творештвото на младите, да ги собира, евидентира и чува ученичките ликовни творби, да ја собира целата документација и другите податоци од разни области на ликовното творештво на децата и младината, да организира редовни, традиционални изложби со актуелна тематика, како и повремени изложби во соорганизација со други организации и здруженија, да организира традиционални изложби со еколошка тематика, да остава трајни белези и документација за развој на ликовното творештво, да подготвува и издава каталози, монографии, билтени и друг вид на литература за ширење на визуелно-ликовната култура и ликовното воспитание на децата и младината, да ги чува и да се грижи за збирките за детското ликовно творештво, за нивното проучување и претставување на ретроспективни изложби и други потреби да обезбедува материјални средства и услови за работа на Детскиот ликовен центар и Здружението. Воспоставува врска и соработка за размена на искуство со други слични организации и институции во земјата и светот, размена на детски ликовни творби, детски галерии и установи во земјата и светот, посети, стручни научни екскурзии и друго. Да соработува со други стручни организации и установи кои се занимаваат со проблемите на ликовно-естетската култура во земјата и странство, соработка со стручни институции за изработување на наставните програми и планови, учебници, прирачници и друга литература наменета за ликовно воспитување и образование, да доделува признанија за постигнатите резултати од областа на ликовната култура, за творештвото и соработката.[2]
Активности
уредиДЛЦ е организатор на неколку настани: Детскиот ликовен настан „Мостови на подадени раце“, чиј покровител е Министерството за култура, спроведуван во 2017, 2020 и 2021 година; Меѓународната детска ликовна изложба „Флора и Фауна“ - традиционална изложба под покровителство на Министерството за животна средина и просторно планирање. Првото издание било во 2002 година, кое било наследник на Републичката изложба „Флора и фауна“; Изложбата на творци-ликовни педагози во мај-јуни, традиционален и воедно најстариот настан на организација; Ликовната колонија во Љубанци која постои од 2011 година и е под покровителство на Општина Бутел;[3][4] Колонијата „Св. Пантелејмон“ во комплексот на црквата „Св. Пантелејмон“ во Горно Нерези, подржана од Општина Карпош. Колонијата постои од 2007 година.
Галерија
уредиЛиковна колонија Љубанци 2021:
Наводи
уреди- ↑ „Отворена ликовна изложба слики на платно и скулптури во дрво во Кинотека на Македонија“. mtm.mk. 12 јануари 2018. Архивирано од изворникот на 16 јуни 2021. Посетено на 13 октомври 2021.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Основен профил на регистриран субјект“. Централен регистар на Република Македонија. Посетено на 13 октомври 2021.
- ↑ „Објава на Општина Бутел на Facebook“. facebook.com. 18 јуни 2018. Посетено на 13 октомври 2021.
- ↑ „ДЕСЕТТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА ,,ЉУБАНЦИ 2020,,“. opstinabutel.gov.mk. 24 август 2020. Архивирано од изворникот на 28 август 2020. Посетено на 13 октомври 2021.