Детската недела (српски: Дечја недеља) е национална манифестација во Србија. Секоја година се реализира со цел да се подобри положбата на детето во Србија.[1]

Ден на детето 1937 година.
Постер на Детската недела 1954 година од Јагодина.
Одбележување на Детската недела во библиотеката „Бранко Чопиќ“ во Враниќ.

Детската недела се одбележува секоја година во првата недела од октомври.

Историја

уреди

На просторите на Србија Детската недела се одбележува од 1934 година, и оттогаш се менува и се развива, приспособувајќи ги своите програмски цели на реалните потреби и проблеми на децата. Од 1987 година е воведен во законот за социјална грижа за деца на предлог на организацијата Пријатели на децата на Србија. Основен документ за планирање и спроведување на активностите за време на Детската недела е Конвенцијата на Обединетите нации за правата на детето, усвоена во 1989 година.

Во реализацијата на активностите на Детската недела на национално и локално ниво учествуваат бројни владини институции, здруженија на граѓани, како угледни личности посветени на децата. Неделата на детето поттикнува понатамошен развој на услови за подобра положба на детето и ги потсетува сите релевантни општествени актери на потребата од обезбедување образовна, социјална, здравствена, културна и финансиска поддршка на секое дете во нашето општество.[2]

Цели на Детската недела

уреди

Целите на Детската недела се:

  • привлекување на вниманието на пошироката јавност кон правата и потребите на децата;
  • укажување на одговорноста што ја имаат семејството, училиштето, државата и нејзините институции во заштитата на децата и остварувањето на нивните права;
  • презентација на досега постигнатите резултати;
  • посочување на примери за добра практика и проблеми во остварувањето на правата на децата;
  • поттикнување на интерсекторска соработка во создавањето услови за почитување на правата и оптимален развој на детето;
  • промовирање на активно учество на децата во донесувањето одлуки што се однесуваат на нив;
  • покренување иницијативи и нови акции кои придонесуваат за подобрување на положбата на децата во Република Србија и остварување на нивните права.[3]

Наводи

уреди
  1. „Дечија недеља“. Пријатељи деце Србије. Пријатељи деце Србије дечија недеља. Архивирано од изворникот на 2018-10-08. Посетено на 22 ноември 2018.
  2. „Дечија недеља“. Предшколска установа Радосно детињство Нови Сад. Архивирано од изворникот на 2018-10-08. Посетено на 22 ноември 2018.
  3. Закон о фиансијској подршци породици са децом (1 октомври 2018.). „Министарство за рад, запошљавање, борачка и социјална питања“. Службени гласник РС бр. 113/17 и 50/18. члан42. став1. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help); |access-date= бара |url= (help)